Промовирани огласи »

Секој вработен треба да го знае ова: К-15 мора да се исплати до овој датум!

Ве чека повеќе пари на сметка – Еве точно колку ќе добиете од К-15!

Секој вработен што има најмалку шест месеци непрекинато работно искуство кај истиот работодавач – без разлика дали е на определено или неопределено време – има право на К-15, односно регрес за годишен одмор.

Ова право е регулирано уште во 2013 година преку договор помеѓу Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) и Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ), со измените во Општиот колективен договор за приватниот сектор. Тоа значи дека исплатата на К-15 не е само законска обврска, туку и дел од доброволно прифатен договор меѓу работниците и работодавачите.

Во 2025 година, сите вработени – и во приватниот и во јавниот сектор – ќе добијат К-15. Исплатата може да започне од 1 јули, а крајниот рок е 31 декември. Минималниот износ за оваа година изнесува 17.150 денари, што претставува 40% од просечната тримесечна нето-плата (42.230 денари) за периодот февруари-април.

Важно е да се знае дека ако некоја фирма реши да исплати К-15 подоцна во годината, тогаш износот ќе биде повисок, бидејќи се пресметува според тогашната просечна плата.

Прочитајте и за: Просечна нето-плата во февруари 43.053 денари

Тагови: зголемување на плати К-15 нето плата пари

Промовирани огласи »

Маринела Бошкоски во финалната епизода „На Каде Одиме?“ HR менаџер во Телелинк

Во последната епизода од оваа сезона на „На Каде Одиме“ зборуваме за HR светот за тоа како се гради доверба меѓу компанијата и кандидатите

Со завршувањето на првата сезона од подкастот „На каде одиме?“, последната епизода ни донесува силна и вредна порака – луѓето се срцето на секој успешен бизнис. Гостинка во финалето е Маринела Бошкоски, менаџерка за човечки ресурси во Telelink Infra Services, која преку разговорот отвара важни теми поврзани со современиот HR, иднината на работните места и новите генерации што го менуваат начинот на кој гледаме на работата.

Во отворен и искрен разговор, таа зборува за стереотипите што сè уште постојат за техничките работни позиции, како и за тоа што значи да се изгради доверба помеѓу компанијата и вработените. Бошкоски открива согледувања и за новата генерација на вработени – што ги мотивира, кои вредности ги носат со себе, и зошто е неопходно компаниите да се адаптираат ако сакаат да ги задржат и инспирираат.

Сезоната на „На каде одиме?“ завршува со оваа епизода, но со најава за нова сезона наскоро – со уште повеќе инспиративни гости, теми и идеи што вреди да се слушнат.

🎧 Епизодата е достапна на YouTube и Spotify.

Маринела Бошкоски во финалната епизода „На Каде Одиме?“ HR менаџер во Телелинк

Тагови: интервју поткаст

Промовирани огласи »

Вработување во АМСМ, Гранит, Еурофарм!

Огласи за работа во АМСМ, Гранит, Еурофарм!

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

ГД Гранит АД Скопје e најголемиот македонски градежен изведувач, чија основна дејност е изградбата на патишта и автопатишта, бренд кој е препознатлив и надвор од границите на Република Македонија.

Моментално вработува:

ДИПЛОМИРАН ПРАВНИК

Откако е лансиран во 1996 година брендот Интимисими го освои пазарот за долна облека благодарение на својата спецфичност и стил, брзо станувајќи водечки бренд во својата индустрија.

Моментално вработува:

АСИСТЕНТ ЗА ПРОДАЖБА

Еурофарм модерна, иновативна, општествено-одговорна компанија која секојдневно се надградува и усовршува како сигурен, проверен и потврден партнер во трговијата на големо со фармацевтски производи во Република Македонија и регионот.

Моментално вработува:

ДИПЛОМИРАН ФАРМАЦЕВТ ИЛИ ФАРМАЦЕВТСКИ ТЕХНИЧАР ЗА ЕУРОФАРМ ДРАЧЕВО
ДИПЛОМИРАН ФАРМАЦЕВТ ИЛИ ФАРМАЦЕВТСКИ ТЕХНИЧАР ОПШТИНА ЦЕНТАР
ФАРМАЦЕВТСКИ ТЕХНИЧАР И ДИПЛОМИРАН ФАРМАЦЕВТ ОПШТИНА АЕРОДОРМ

Лидл е семеен бизнис заснован на едноставна филозофија: дека клиентите заслужуваат најквалитетни стоки и намирници по цени што секој може да си ги дозволи. Веќе повеќе од четириесет години, уникатниот пристап на Лидл ги менувa и подобрувa заедниците во 30 земји, каде што Лидл се прошири и оперативно работи со околу 12.200 продавници и вработува повеќе од 376.000 луѓе.

Моментално вработува:

ЗАМЕНИК МЕНАЏЕР НА МАРКЕТ

ВДЛ Ван Хоол Македонија е дел од холандската Групација ВДЛ. Компанијата дојде во земјава во 2012 година кога ја изгради и фабриката во Технолошко индустриската развојна зона Скопје2 во Бунарџик, со што ја врати традицијата на автобуската индустрија во земјата.

Сите огласи од Ван Хоол Македонија можете да ги најдете ТУКА.

МАКСТИЛ е регионален лидер во производството на топловалани дебели лимови.

Моментално вработува:

СЕНИОР СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА СМЕТКОВОДСТВО
КОНТРОЛОР ЗА СТАРО ЖЕЛЕЗО
ДИГАЛКАР
МАШИНСКИ ТЕХНИЧАР

Основан 1945 годината, постоењето и развојот на АМСМ, го обележаа низа структурални и организациони промени, некои како резултат на времето, а пак некои како одговор на потребата да се биде и да се остане поблиску до постарите, но и новите генерации.

Моментално вработува:

ПРОМОТЕР НА МОБИЛНА АПЛИКАЦИЈА

Групацијата Виндија опфаќа 14 компании, од кои 8 се со седиште во Хрватска и 6 во соседните земји. Вработува повеќе од 4.000 луѓе. Беспрекорниот квалитет на производите на Виндија е препознаен на бројни меѓународни саеми, што со гордост ја направи компанијата добитник на бројни награди.

Моментално вработува:

ВОЗАЧ ДИСТРИБУТЕР - Ц КАТЕГОРИЈА

Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови.

Сите огласи од Зегин можете да ги најдете ТУКА.

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

Како да останеш конкурентен на пазарот на трудот во дигиталната ера

Технологијата ти ја краде работата? Еве како да ѝ се спротивставиш!

Дигиталната ера донесе нови правила на игра – не само за компаниите, туку и за секој што сака да остане релевантен и успешен во својата кариера. Технолошките промени се случуваат брзо, професиите се трансформираат, а нови вештини стануваат поважни од дипломи. Прашањето не е дали ќе се промениме, туку колку брзо ќе се прилагодиме.

1. Континуирано учење е новиот стандард

Во дигиталната економија, знаењето старее брзо. Она што било релевантно пред 5 години, денес може да биде застарено. Затоа, постојаното учење – преку онлајн курсеви, обуки, читање и практична примена – е клучен елемент за долгорочна конкурентност. Платформи како Coursera, edX, Udemy или дури и YouTube нудат пристап до врвни знаења, често бесплатно.

2. Развивај дигитални и технолошки вештини

Дури и ако не си програмер или ИТ експерт, дигиталната писменост е задолжителна. Научи да работиш со алатки за проектен менаџмент (Trello, Asana), комуникациски платформи (Slack, Zoom), но и основи од Excel, дигитален маркетинг, анализа на податоци или вештачка интелигенција. Разбирањето на технологијата веќе не е бонус – тоа е основа.

3. Изгради личен бренд

Во ера каде што Google резултатите зборуваат за тебе пред да го направиш првиот впечаток, важно е да изградиш онлајн присуство што ќе зборува во твоја полза. Ажуриран LinkedIn профил, портфолио, блог или дури кратки објави за твои проекти – сето тоа покажува иницијатива, знаење и ангажираност.

4. Флексибилност и адаптабилност

Нема „загарантирани“ кариери. Работните места се менуваат, а понекогаш исчезнуваат. Успешните професионалци се оние кои не се плашат да се преквалификуваат, да преминат во друга индустрија или да прифатат работа надвор од својата комфор-зона. Флексибилниот ум е најмоќното оружје денес.

5. Работи на „soft skills“ – тие стануваат сѐ поважни

Комуникација, критичко размислување, емоционална интелигенција, тимска работа – овие вештини не можат да бидат автоматизирани. Колку и да си технички способен, твојата способност да соработуваш, да водиш или да решаваш проблеми ќе те оддели од просекот.

Да се биде конкурентен денес значи да се биде подготвен за утре. Не чекај да се појави „идеалната“ можност – инвестирај во себе, адаптирај се и изгради вредност што другите ќе ја препознаат. Пазарот се менува, но твојата способност да учиш и се развиваш е твојата најголема гаранција за успех.

Прочитајте и за: На што најмногу треба да обрнете внимание кога барате работа?

Тагови: работно место совети за работа

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »