Промовирани огласи »

Најнови огласи за работа во Лидл!

Нови кариерни можности во Лидл!

Лидл е семеен бизнис заснован на едноставна филозофија: дека клиентите заслужуваат најквалитетни стоки и намирници по цени што секој може да си ги дозволи. Веќе повеќе од четириесет години, уникатниот пристап на Лидл ги менувa и подобрувa заедниците во 30 земји, каде што Лидл се прошири и оперативно работи со околу 12.200 продавници и вработува повеќе од 376.000 луѓе.

Моментално се отворени следниве позиции:

Асистент на продажба - Струга
Асистент на продажба - Куманово
Асистент на продажба - Тетово
Асистент на продажба - Кичево
Асистент на продажба - Скопје
Асистент на продажба - Битола
Асистент на продажба - Кавадарци
Асистент на продажба - Струмица
Асистент на продажба - Гевгелија
Магацински работник и администратор во логистички дистрибутивен центар Куманово

Доколку сакате да бидете дел од успешниот тим на Лидл, не се двоумете и аплицирајте веднаш!

Се уште сте во потрага по ново работно место? Сите останати огласи можете да ги најдете ТУКА.

Тагови: Лидл Северна Македонија дооел

Промовирани огласи »

KARIERA.mk и Меѓународен Славјански Универзитет потпишаа Меморандум за соработка

Нови можности за студентите: KARIERA.mk со ново партнерство

Со задоволство споделуваме дека KARIERA.mk потпиша Меморандум за соработка со Меѓународен Славјански Универзитет, со цел заеднички да придонесеме кон поголема вработливост и професионален развој на студентите.

Преку оваа соработка, ќе работиме на создавање нови можности за вработување, пракса и професионален развој, како и на поврзување на студентите со компании кои имаат потреба од нови кадри.

Партнерството предвидува реализација на кариерни денови, работилници, презентации и активности за подготовка на студентите за интервјуа и процеси на селекција, како и други заеднички иницијативи насочени кон нивниот кариерен развој.

Особено ни е драго што преку ова партнерство дополнително ја поврзуваме академската заедница со пазарот на трудот и создаваме конкретни можности за младите уште пред да го направат својот прв професионален чекор.

Продолжуваме да градиме партнерства кои отвораат нови можности за кариера.

Тагови: креативност пазарот на труд потпишување меморандум Меѓународен Славјански Универзитет

Промовирани огласи »

Како да се справите со пасивно - агресивни колеги

Сарказам, игнорирање и „случајно“ доцнење? Можеби имате пасивно - агресивен колега!

Понекогаш зборовите звучат сосема нормално, но тонот, однесувањето или постапките кажуваат нешто сосема друго.

Работата со пасивно-агресивен колега може да биде особено исцрпувачка затоа што проблемот често не е директно изразен. Наместо отворено да каже што му пречи, колегата може да избегнува разговор, да доцни со задачи, да користи сарказам или намерно да остава нејасни пораки.

Важно е да не се обидувате веднаш да го „дијагностицирате“ колегата. Фокусирајте се на конкретното однесување и неговото влијание врз работата.

Еве како можете професионално да реагирате.

1. Не возвраќајте со истото однесување

Кога некој е пасивно-агресивен, лесно е да паднете во истата замка. Сарказам за сарказам. Игнорирање за игнорирање. Кратки и ладни одговори за кратки и ладни одговори.

Но, тоа само го продлабочува проблемот. Наместо да ја зголемувате тензијата, останете смирени и професионални. Не мора да го копирате однесувањето на другиот за да се заштитите. Вашата цел е да го решите проблемот, а не да победите во пасивно-агресивна размена.

2. Фокусирајте се на конкретното однесување

Избегнувајте изјави како: „Ти си пасивно-агресивен/на.“ Таквата реченица лесно може да предизвика одбрана и расправија.

Наместо тоа, зборувајте за конкретната ситуација. На пример: „Забележав дека информацијата ми беше испратена дури по истекот на рокот. Следниот пат, ако има проблем со рокот, би сакал/а да ме информираш порано.“

На овој начин не го напаѓате карактерот на личноста, туку разговарате за однесување кое може да се промени.

3. Не погодувајте што мисли колегата прашајте

Пасивно-агресивната комуникација често остава простор за претпоставки. Колегата кажува „Во ред“, но изгледа незадоволно.

Наместо да поминете цел ден размислувајќи што значел неговиот коментар, поставете директно прашање: „Имам впечаток дека нешто не е во ред. Дали има нешто што треба да го разгледаме?“

Или: „Дали имаш некаква забелешка за начинот на кој ја организиравме задачата?“

Понекогаш директното и смирено прашање е доволно за да се отвори вистински разговор.

4. Поставете јасни граници

Ако колегата често користи сарказам, игнорира пораки или намерно го отежнува процесот на работа, важно е да поставите граница.

Можете да кажете: „Разбирам дека можеби не се согласуваш со одлуката, но би сакал/а тоа да го разговараме директно за да можеме да продолжиме со работата.“

Границата не треба да биде агресивна. Таа само покажува како очекувате да комуницирате и што нема да прифаќате како нормален начин на соработка.

5. Комуницирајте јасно и писмено кога е потребно

Ако имате работа која зависи од информација или задача од колегата, бидете конкретни.

Наместо: „Кога ќе можеш, прати ми го тоа.“

Подобро: „Те молам испрати ми ја финалната верзија до 15:00 часот за да можам да го завршам извештајот.“

Јасните рокови и очекувања оставаат помалку простор за недоразбирања. Кога станува збор за важни задачи, корисно е договорите да останат и во писмена форма.

6. Не дозволувајте туѓото однесување да влијае врз вашата работа

Ако постојано се прашувате:

  • „Дали се налути?“
  • „Што сакаше да каже?“
  • „Дали намерно го направи тоа?“

Можете да потрошите огромна количина енергија на нешто што не можете целосно да го контролирате.

Фокусирајте се на она што можете да го контролирате: вашата комуникација, вашите граници и квалитетот на вашата работа.

Не мора да ја дешифрирате секоја промена во туѓото расположение.

7. Документирајте го проблемот ако влијае врз работата

Ако се повторуваат ситуации во кои колегата намерно го попречува процесот, не ги потпирајте се само на сеќавањето. Зачувајте релевантни мејлови, пораки и договори поврзани со задачите.

Не станува збор за создавање „досие“ против колегата, туку за тоа да имате точна слика за ситуацијата доколку проблемот стане сериозен и треба да го разговарате со менаџер.

8. Знајте кога да го вклучите менаџерот

Не секој непријатен коментар бара интервенција од менаџер. Но, ако однесувањето редовно влијае врз вашата работа, роковите, тимската комуникација или создава непријателска атмосфера, не мора сами да го решавате проблемот.

Кога разговарате со менаџерот, фокусирајте се на конкретни примери и влијанието врз работата, наместо на лични квалификации.

На пример: „Во последните неколку недели имавме повеќе ситуации во кои информациите ми беа доставени по договорениот рок. Тоа предизвика доцнење во мојот дел од проектот. Би сакал/а да најдеме начин комуникацијата и роковите да бидат појасни.“

Ова е многу покорисно од: „Колегата е невозможен човек.“

Што да не правите?

Кога работите со тежок колега, избегнувајте:

  • Озборување со останатите колеги;
  • Враќање со сарказам;
  • Јавна конфронтација;
  • Претпоставки за неговите намери;
  • Испраќање лути пораки;
  • Собирање „сојузници“ против колегата.

Колку и да е фрустрирачка ситуацијата, обидете се да останете на професионален терен.

Не можете да го контролирате туѓото однесување

Можеби колегата нема веднаш да го промени својот начин на комуникација. Но, можете да контролирате како вие ќе реагирате. Бидете директни без да бидете агресивни. Поставете граници. Комуницирајте јасно. Држете се до фактите и не дозволувајте туѓото однесување да ве вовлече во конфликт.

И најважно не секоја непријатна комуникација е пасивна агресија. Некој може да биде уморен, под стрес, интровертен или едноставно да има поинаков стил на комуникација. Затоа, пред да донесете заклучок, гледајте го однесувањето во контекст и фокусирајте се на тоа дали реално влијае врз работата. Професионалноста не значи дека мора да се согласувате со сите. Значи дека знаете како да комуницирате и кога не се согласувате.

Прочитајте и за: Како професионално да признаете дека сте направиле грешка

Тагови: совети за работа

Промовирани огласи »

Министерката Божиновска помогнала Македон да стигне до Johns Hopkins CTY - семејството Димитровски упати благодарност до „човекот Сања“

n hour ago · Семејството Димитровски упати јавна благодарност до министерката Сања Божиновска за поддршката што таа ја дала на Македон за можноста да се запише на престижната образовна програма Johns Hopkins Center for Talented Youth (CTY).

Семејството Димитровски упати јавна благодарност до министерката Сања Божиновска за поддршката што, како што наведуваат, му ја дала на нивниот син Македон за остварување на можноста да се запише на престижната образовна програма Johns Hopkins Center for Talented Youth (CTY).

Во Фејсбук објавата на семејството се вели дека зад успехот на секое дете стојат многу труд, знаење и посветеност, но дека понекогаш е потребна и поддршка од луѓе кои ќе го препознаат талентот и ќе помогнат во вистинскиот момент.

Од срце сакаме јавно да ѝ се заблагодариме на министерката Сања Божиновска, а пред сè на човекот Сања, за нејзината човечност, разбирање и искрена поддршка за Македон, наведуваат од семејството.

Тие додаваат дека нејзиниот придонес за можноста Македон да стане дел од програмата на Johns Hopkins CTY има големо значење за нив и дека оваа поддршка ќе остане дел од неговиот пат кон нови знаења, предизвици и успеси.

Ви благодариме, министерке, но пред сè – Ви благодариме, Сања, што покажавте дека зад функцијата стои човек со срце, се вели во јавната благодарност на семејството Димитровски.

Johns Hopkins Center for Talented Youth (CTY) е програма на Универзитетот „Џонс Хопкинс“ наменета за надарени ученици, која нуди напредни образовни можности и предизвици за ученици со исклучителни академски способности.

Тагови: Македон Димитровски

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »