А1 Македонија, Лидл, Зегин и многу други вработуваат!

Огласи за работа во А1 Македонија, Лидл, Зегин!

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

ПроКредит е германска развојно ориентирана банка со присуство во Источна и Југоисточна Европа, посветена на поддржување микро, мали и средни претпријатија (ММСП) и физички лица, како и на поттикнување економски раст и одржлив развој.

Моментално вработува:

Стручен за управување со проблематични изложености

СЕТЕК сé од техника е лидер во областа на ИТ, аудио, видео и бела техника кој на македонскиот пазар. 

Моментално вработува:

Реферефт за продажба во Струмица
Магационер - Скопје

Лидл е семеен бизнис заснован на едноставна филозофија: дека клиентите заслужуваат најквалитетни стоки и намирници по цени што секој може да си ги дозволи. Веќе повеќе од четириесет години, уникатниот пристап на Лидл ги менувa и подобрувa заедниците во 30 земји, каде што Лидл се прошири и оперативно работи со околу 12.200 продавници и вработува повеќе од 376.000 луѓе.

Сите активни огласи од Лидл можете да ги најдете ТУКА.

ВИНЕР ЛАЈФ – Виена Иншуренс Груп Скопје е компанија специјализирана за животно осигурување и дел од Vienna Insurance Group (VIG), една од водечките осигурителни групации во Централна и Источна Европа.

Моментално ваработува:

Офицер за корпоративна продажба

Тара Мода ДООЕЛ Скопје е компанија од областа на малопродажбата, специјализирана за продажба на облека, обувки и модни и спортски производи. Компанијата е присутна на македонскиот пазар со брендовите Beosport и Nine West, со продавници во водечките трговски центри во Скопје.

Моментално вработува:

Продажен асистент Nine West City Mall
Асистент за продажба во Беоспорт Diamond
Асистент за продажба во Беоспорт East Gate

Рамстор Македонија е една од водечките малопродажни синџири во земјата. Од своето основање во 2005 година, компанијата постојано расте и денес располага со широка мрежа на супермаркети и трговски центри низ цела Македонија.

Сите огласи од Рамстор Македонија можете да ги најдете ТУКА.

Вдл Бус Македонија Дооел, белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2, во Бунарџик/Илинден.

Сите огласи од Вдл Бус Македонија можете да ги најдете ТУКА.

Компанијата А1 Македонија е член на Групацијата А1 Телеком Австрија, водечки провајдер за комуникациски и дигитални решенија во Централна и Источна Европа.

Сите огласи од А1 Македонија можете да ги најдете ТУКА.

Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови.

Сите огласи од Зегин можете да ги најдете ТУКА.

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Повторно во игра 32-часовна работна недела во САД

Четири работни дена, иста плата? Нов предлог во САД повторно ја отвори дебатата дали технолошкиот напредок треба да значи и повеќе слободно време за работниците.

Американските законодавци повторно ја отворија дебатата за пократка работна недела, откако на 8 септември 2026 година конгресменот Марк Такано и сенаторот Берни Сандерс повторно го претставија предлог-законот „Thirty-Two Hour Workweek Act“. Со него, стандардната работна недела за опфатените вработени би се намалила од 40 на 32 часа, без автоматски да се воведе четиридневен работен распоред за сите.

Суштината на предлогот е промена на прагот за пресметка на прекувремена работа според федералниот Закон за фер работни стандарди. Тоа значи дека работниците опфатени со правилата, најчесто оние платени по час, би добивале прекувремена исплата за часовите над новиот праг. Предлагачите велат дека ваквиот модел е оправдан поради силниот раст на продуктивноста и технолошкиот напредок, вклучително и вештачката интелигенција, автоматизацијата и роботиката.

Иако предлогот не забранува работа подолга од 32 часа неделно, тој би ги обврзал работодавачите дополнително да ги платат тие часови. Такано и Сандерс сметаат дека дел од економската корист од новите технологии треба да ја почувствуваат и работниците, преку повеќе слободно време без намалување на платата и бенефициите. Засега, сепак, станува збор само за предлог-закон, а останува неизвесно дали ќе добие доволна поддршка во Конгресот.

Тагови: работна недела САД

ЕУ воведува нова такса за мали пакети: Нарачките од Temu и Shein ќе поскапат

Од ноември 2026 година, малите пратки од онлајн продавници надвор од ЕУ ќе добијат нов дополнителен трошок. Платформите како Temu и Shein ќе преземат поголема одговорност за царинските давачки.

Брисел – Европската Унија најдоцна од 1 ноември 2026 година ќе почне со примена на нова такса за обработка на малите пратки што пристигнуваат преку е-трговија од земји надвор од Унијата. Мерката е дел од поширока реформа на царинскиот систем, со која ЕУ сака подобро да одговори на огромниот раст на евтини пакети, особено од платформи како Temu и Shein. Точниот износ на новата такса сè уште не е утврден и дополнително ќе го одреди Европската комисија.

Оваа давачка ќе биде одвоена од веќе постојната привремена царинска давачка од 3 евра, која се применува од 1 јули 2026 година за мали пратки со вредност до 150 евра. Сепак, овие три евра не значат секогаш фиксен трошок по пакет, бидејќи износот зависи од бројот на тарифни категории на производите во пратката. Така, ако пакетот содржи производи од две различни категории, царинската давачка може да достигне и 6 евра.

Со реформата значително се менува и одговорноста на онлајн трговците: платформите и продавачите што испорачуваат стоки директно до европски купувачи ќе се третираат како увозници и ќе мора самите да ги исполнуваат царинските формалности и да се грижат за плаќањето на давачките. Според податоците на ЕУ, во 2024 година на европскиот пазар пристигнале околу 4,6 милијарди мали пакети, од кои 91% потекнувале од Кина. Во рамки на реформата е предвидено и создавање на единствен Центар за царински податоци на ЕУ, кој треба да стане оперативен за е-трговијата од 1 јули 2028 година.

Тагови: ЕУ такси Тему Шеин

5 навики поради кои изгледате непрофесионално дури и кога сте добри во работата

Сите знаат дека сте добри, но сепак не ве доживуваат како професионалец?

Може да бидете одлични во она што го работите, да ги исполнувате роковите и да имате одлични резултати а сепак да оставате непрофесионален впечаток. Причината понекогаш не е во вашето знаење или квалитетот на работата, туку во малите навики што ги повторувате секојдневно. Професионалноста не се гледа само во тоа што завршувате, туку и како комуницирате, како се однесувате и како соработувате со другите.

Еве пет навики на кои вреди да обрнете внимание.

1. Постојано доцните

Можеби секогаш ја завршувате работата навреме, но ако редовно доцните на состаноци, обуки или договорени средби, другите тоа може да го сфатат како недостаток на почит кон нивното време.

Еднократно доцнење може да му се случи на секого. Проблемот настанува кога станува навика. Навремено пристигнување е едноставен начин да покажете одговорност и почит.

2. Не одговарате на пораки и мејлови со денови

Не мора да бидете достапни секоја минута, но целосното игнорирање на пораки, мејлови или барања може да создаде впечаток дека сте неорганизирани или несериозни. Дури и кога немате време веднаш да одговорите, кратко: „Го видов мејлот. Ќе ви одговорам до крајот на денот.“ покажува дека сте ја примиле информацијата и знаете кога ќе се вратите на неа.

3. Се жалите за сè и пред сите

Секој има лош ден. Понекогаш задачите се премногу, роковите се кратки, а состаноците непотребно долги. Но, ако секоја нова задача ја следи жалба, секоја одлука е „глупава“, а секој проект е „катастрофа“, тоа може да влијае врз начинот на кој ве доживуваат колегите. Наместо само да го посочите проблемот, обидете се да понудите и решение: „Ова може да биде тешко да го завршиме до петок. Дали можеме да го поделиме на два дела или да приоритизираме една од задачите?“ Професионалноста не значи дека никогаш не се жалите. Значи дека знаете како и каде да го кажете проблемот.

4. Ги прекинувате другите додека зборуваат

Можеби веќе знаете што сака колегата да каже. Можеби имате одлична идеја и едвај чекате да ја споделите. Но, постојаното прекинување може да остави впечаток дека не ги слушате другите.

Оставете ја личноста да заврши, а потоа надоврзете се: „Само да се надоврзам на тоа што го кажа…“ Добрата комуникација не е само способност да зборувате јасно, туку и да знаете кога да слушате.

5. Вашата работа е добра, но не комуницирате кога има проблем

Една од најчестите грешки е претпоставката дека квалитетната работа сама ќе зборува за вас.Ако гледате дека нема да стигнете до рокот, сте наишле на проблем или ви недостига информација, не чекајте последен момент за да кажете. Навремено известување може да спречи многу поголем проблем.

На пример: „Наидов на проблем со оваа задача и моментално не можам да го испочитувам првичниот рок. Можам да ја завршам до утре во 12 часот или да го приоритизирам овој дел уште денес.“

Тоа покажува одговорност, наместо да дозволите проблемот да стане изненадување за целиот тим. Добрата работа е само еден дел од професионалноста Вашите резултати се важни, но начинот на кој работите со луѓето остава долгорочен впечаток. Можеби сте најдобри во својот дел од работата, но ако постојано доцните, не одговарате на комуникација, ги прекинувате другите или премолчувате проблеми, вашата експертиза може да биде засенета од однесувањето. Професионалноста не значи да бидете совршени. Значи да бидете сигурна личност со која другите можат да работат.

Понекогаш малата промена во секојдневните навики може да направи исто толку голема разлика како и стекнувањето нова вештина.

Прочитајте и за: Како да се справите со пасивно - агресивни колеги

Тагови: совети за работа