5 навики поради кои изгледате непрофесионално дури и кога сте добри во работата

Сите знаат дека сте добри, но сепак не ве доживуваат како професионалец?

Може да бидете одлични во она што го работите, да ги исполнувате роковите и да имате одлични резултати а сепак да оставате непрофесионален впечаток. Причината понекогаш не е во вашето знаење или квалитетот на работата, туку во малите навики што ги повторувате секојдневно. Професионалноста не се гледа само во тоа што завршувате, туку и како комуницирате, како се однесувате и како соработувате со другите.

Еве пет навики на кои вреди да обрнете внимание.

1. Постојано доцните

Можеби секогаш ја завршувате работата навреме, но ако редовно доцните на состаноци, обуки или договорени средби, другите тоа може да го сфатат како недостаток на почит кон нивното време.

Еднократно доцнење може да му се случи на секого. Проблемот настанува кога станува навика. Навремено пристигнување е едноставен начин да покажете одговорност и почит.

2. Не одговарате на пораки и мејлови со денови

Не мора да бидете достапни секоја минута, но целосното игнорирање на пораки, мејлови или барања може да создаде впечаток дека сте неорганизирани или несериозни. Дури и кога немате време веднаш да одговорите, кратко: „Го видов мејлот. Ќе ви одговорам до крајот на денот.“ покажува дека сте ја примиле информацијата и знаете кога ќе се вратите на неа.

3. Се жалите за сè и пред сите

Секој има лош ден. Понекогаш задачите се премногу, роковите се кратки, а состаноците непотребно долги. Но, ако секоја нова задача ја следи жалба, секоја одлука е „глупава“, а секој проект е „катастрофа“, тоа може да влијае врз начинот на кој ве доживуваат колегите. Наместо само да го посочите проблемот, обидете се да понудите и решение: „Ова може да биде тешко да го завршиме до петок. Дали можеме да го поделиме на два дела или да приоритизираме една од задачите?“ Професионалноста не значи дека никогаш не се жалите. Значи дека знаете како и каде да го кажете проблемот.

4. Ги прекинувате другите додека зборуваат

Можеби веќе знаете што сака колегата да каже. Можеби имате одлична идеја и едвај чекате да ја споделите. Но, постојаното прекинување може да остави впечаток дека не ги слушате другите.

Оставете ја личноста да заврши, а потоа надоврзете се: „Само да се надоврзам на тоа што го кажа…“ Добрата комуникација не е само способност да зборувате јасно, туку и да знаете кога да слушате.

5. Вашата работа е добра, но не комуницирате кога има проблем

Една од најчестите грешки е претпоставката дека квалитетната работа сама ќе зборува за вас.Ако гледате дека нема да стигнете до рокот, сте наишле на проблем или ви недостига информација, не чекајте последен момент за да кажете. Навремено известување може да спречи многу поголем проблем.

На пример: „Наидов на проблем со оваа задача и моментално не можам да го испочитувам првичниот рок. Можам да ја завршам до утре во 12 часот или да го приоритизирам овој дел уште денес.“

Тоа покажува одговорност, наместо да дозволите проблемот да стане изненадување за целиот тим. Добрата работа е само еден дел од професионалноста Вашите резултати се важни, но начинот на кој работите со луѓето остава долгорочен впечаток. Можеби сте најдобри во својот дел од работата, но ако постојано доцните, не одговарате на комуникација, ги прекинувате другите или премолчувате проблеми, вашата експертиза може да биде засенета од однесувањето. Професионалноста не значи да бидете совршени. Значи да бидете сигурна личност со која другите можат да работат.

Понекогаш малата промена во секојдневните навики може да направи исто толку голема разлика како и стекнувањето нова вештина.

Прочитајте и за: Како да се справите со пасивно - агресивни колеги

Тагови: совети за работа

Ramstore продолжува со проширување и отвора нови работни места

Ramstore продолжува да расте: Нови работни места и нови можности за вработување!

Ramstore продолжува со проширување на својата малопродажна мрежа, со нови маркети, нови работни места и нови можности за професионален развој.

По неодамнешните отворања на маркетите во Велес, Штип, Кавадарци, Скопје и Тетово, на 16ти септември, Ramstore го отвори својот нов маркет и во Автокоманда, продолжувајќи да биде поблиску и подостапен до своите купувачи.

Мрежата на Ramstore ја сочинуваат 34 маркети, две Ramstore Home продавници, еден логистички центар, а понудата и достапноста до купувачите дополнително се надополнуваат и преку услугата „РАМСТОР до дома“. Сите тие претставуваат важен дел од континуираниот развој и раст на компанијата.

Со секој нов маркет расте и тимот на Ramstore. Новите отворања носат нови работни позиции и можности за професионален развој, а компанијата продолжува да инвестира во она што е најважно за нејзиниот успех – луѓето.

Како реномирана компанија, Ramstore на своите вработени им нуди современи услови за работа, обуки, можности за стекнување искуство, како и конкурентни плати. Грижата за вработените е поддржана и со низа бенефиции, меѓу кои се месечен бонус, картичка за попуст и дополнителни поволности.

„Нашата експанзија е истовремено и инвестиција во нови тимови. Со секој нов маркет создаваме нови работни места и отвораме можности за луѓето кои сакаат да бидат дел од растот на Ramstore. Веруваме дека успешниот раст на компанијата оди паралелно со развојот на нашите вработени“, велат од Ramstore.

Со отворањето на новиот маркет во Автокоманда, Ramstore продолжува со својот план за раст, со фокус на квалитетна услуга, модерно малопродажно искуство и стабилни можности за вработување.

Ramstore – Добиј повеќе, живеј подобро!

Тагови: Дту Рамсторе Доо

Каков петок нè очекува?

Ова е денешната временска прогноза

Претежно сончево време, со појава на мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисток.

Во Скопје, ќе преовладува сончево време со повремена мала облачност, а ветерот ќе биде слаб и ќе дува од југоисточен правец.

Временска прогноза за Скопје. За другите градови кликни ТУКА.

23.10.2026 Петок   10° / 17° 08:54   19:45
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h













15°
16°
17°
17°
17°
15°
13°
11°
11°
11°
10°

3

3

3

3

3

3

2

2

2

1

1
24.10.2026 Сабота   8° / 17° 08:56   19:44
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h
10°
10°
10°
9°
9°
9°
8°
8°
8°
9°
10°
12°
14°
15°
16°
17°
17°
17°
15°
13°
13°
12°
12°
12°

1

1

1

1

1

1

1

1

1

1

1

2

2

2

2

3

3

2

2

1

2

2

1

1
25.10.2026 Недела   10° / 17° 06:57   17:42
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h
12°
12°
11°
11°
11°
10°
10°
10°
10°
11°
12°
14°
15°
16°
16°
17°
17°
17°
16°
14°
13°
13°
12°
12°

1

1

1

1

1

1

1

1

1

2

1

2

2

2

3

2

3

2

1

1

1

1

1

1

Павлина Горгиева: Сакам звукот на мојот тапан да стигне до илјадници луѓе

Почна сама, од нула, а денес настапува пред публика: Павлина со тапанот ја освојува македонската сцена

Која е Павлина? Кажи ни нешто повеќе за себе – од каде си, со што се занимаваш приватно и професионално, покрај музиката?

Јас сум Павлина Горгиева, од Струмица. По професија сум дипломиран дизајнер од областа на дизајнот и технологијата на текстил и облека, а моментално сум на магистерски студии. Креативноста отсекогаш била голем дел од мене, па затоа и областа што ја избрав за образование ми е нешто што навистина го сакам.

Покрај студиите, голем дел од моето време и внимание ми одзема музиката, особено тапанот. Настапувам на различни настани и свадби, а преку социјалните мрежи ја споделувам мојата љубов кон македонската народна музика и традиција.

Иако дизајнот и музиката на прв поглед се две различни области, за мене имаат нешто заедничко  и во двете можам да бидам креативна и да се изразам на свој начин.

Како се роди кај тебе љубовта токму кон тапанот и кога за прв пат си помисли „сакам да научам да свирам“?

Не би можела да кажам дека постоел еден конкретен момент кога одеднаш се појавила љубовта кон тапанот. Таа се создаваше постепено, преку слушање на македонска народна музика и преку чувството што го носи самиот звук на тапанот.

Отсекогаш ме привлекувала неговата енергија. Тапанот има нешто посебно кога ќе започне ритамот, едноставно ја чувствуваш музиката поинаку.

Во еден момент едноставно си реков: „Сакам и јас да научам да свирам.“ Немав претстава каде ќе ме одведе тоа, но имав голема желба да пробам. И така започна целата приказна.

Како изгледаше твојот прв контакт со тапанот? Дали имаше некој да ти покаже, да те поддржи, или буквално сама, чекор по чекор, учеше сè од нула?

Мојот прв контакт со тапанот беше целосно самостоен. Немав некој покрај мене кој ќе ми покаже како се свири. Почнав сама, буквално од нула.

На почетокот не знаев ни како правилно да го држам, како да ги поставам рацете и како да создадам ритам. Сама пробував, слушав, гледав и повторував. Некогаш ќе успеев, некогаш ќе згрешев, па повторно од почеток.

Мислам дека токму тоа што сама го поминав тој процес ми даде уште поголема желба да продолжам. Немав некој да ми каже „вака се прави“, туку сама постепено откривав што ми одговара и како да го почувствувам ритамот.

Од тие први обиди до денес има огромна разлика, и токму затоа овој инструмент ми значи толку многу.

Колку време ти требаше да ги совладаш првите ритми и што ти беше најтешко во тој процес? Дали имаше моменти кога ти доаѓаше да кренеш раце од сè?

Првите ритми ги совладував постепено. Не беше нешто што се случи преку ноќ. Бидејќи учев сама, требаше многу повеќе трпение и повторување.

Најтешко ми беше да ја добијам правилната техника и сигурноста во свирењето. Понекогаш знаев што сакам да отсвирам, но рацете едноставно не го следеа тоа што го замислував.

Секако дека имало моменти на нервоза и моменти кога нешто не ми одело, но никогаш не сакав навистина да се откажам. Секогаш си велев дека ако продолжам да вежбам, еден ден ќе успеам.

И мислам дека токму тоа е најважната работа кога учиш нешто сам да бидеш трпелив со себе.

Што е тоа што за тебе го прави тапанот толку моќен и различен од другите инструменти – дали е звукот, енергијата, традицијата или нешто друго?

За мене е комбинација од звукот, енергијата и традицијата.

Македонскиот тапан има неверојатна сила. Не е само инструмент кој го слушаш неговиот ритам го чувствуваш. Особено кога свирам на свадби и прослави, најубаво ми е кога ќе ја почувствувам реакцијата на луѓето и кога целата атмосфера се менува со ритамот.

Многу ми значи и традиционалниот аспект. Тапанот е дел од нашата македонска музика и култура и за мене е чест што можам на свој начин да придонесам тој звук да продолжи да се слуша.

Најмногу го сакам тоа што преку тапанот можам да пренесам емоција без да кажам ниту еден збор.

Твоите настапи веќе привлекуваат внимание и на социјалните мрежи. Колку интернетот и видеата ти помогнаа луѓето да дознаат за твојата приказна и да те поддржат?

Социјалните мрежи многу ми помогнаа. Преку видеата можев да стигнам до луѓе кои можеби никогаш немаше да ме видат да свирам во живо.

Кога почнав да објавувам, не очекував дека видеата ќе стигнат до толку голем број луѓе. Имав видеа со стотици илјади прегледи, а едно од нив стигна и до повеќе од еден милион прегледи. Искрено, тоа чувство е тешко да се опише.

Но, за мене не се најважни само бројките. Најмногу ми значи поддршката од луѓето коментарите, пораките и тоа што некој ќе ми каже дека му се допаднал мојот настап или дека сум му ја разубавила прославата.

Особено ми е драго што преку моите видеа до луѓе стигнува и звукот на македонскиот тапан.

Покрај тапанот, дали имаш желба да пробаш и некој друг инструмент или остануваш верна само на ударните?

Би сакала некогаш да пробам и друг инструмент, затоа што секогаш ме привлекувало учењето нешто ново. Но, тапанот дефинитивно останува мојата најголема љубов.

Сè уште чувствувам дека имам многу да научам и многу простор за напредување. Сакам да совладам уште различни ритми, да стекнувам нови искуства и да продолжам да се надградувам.

Можеби некогаш ќе се појави и некој друг инструмент во мојот живот, но засега тапанот е на прво место.

Од денешна перспектива, кога ќе се сетиш на девојката која првпат почнала сама да учи да свири, што би ѝ кажала?

Би ѝ кажала: „Само продолжи.“

Би ѝ кажала да не се сомнева во себе и да не се откажува само затоа што нешто не оди веднаш. Кога почнав, немав идеја каде ќе стигнам и немав некој да ми покаже како да свирам. Имав само желба.

Денес, кога ќе погледнам назад, ми е мило што тогаш не се откажав. Никогаш не би помислила дека од оние први обиди сама дома ќе стигнам до настапи, свадби и видеа кои ќе ги гледаат стотици илјади луѓе.

Затоа би ѝ кажала да верува во процесот и да не се плаши да почне нешто, дури и кога не знае каде ќе ја одведе.

Ако можеш да замислиш една голема сцена на која би сакала да настапиш во иднина  каде би била таа и каков би бил моментот што би сакала да го доживееш?

Мојот сон е да настапам на навистина голема сцена, пред огромна публика, со тапан во рацете и со македонската музика.

Би сакала тоа да биде момент во кој ќе можам да покажам дека македонскиот тапан има сила да допре до секого, без разлика од каде е.

Замислувам сцена на која пред мене има илјадници луѓе, а кога ќе започне ритамот, целата публика реагира. Тоа би бил момент во кој би застанала и би си помислила: „Од каде започнав, а каде стигнав.“

Тоа би ми било едно од најголемите достигнувања.

И за крај, што следно да очекуваме од Павлина? Кој е следниот сон или предизвик што сакаш да го претвориш во реалност?

Следно сакам да продолжам да се развивам и да одам чекор понатаму. Сакам уште повеќе настапи, нови искуства и нови можности.

Сакам да продолжам да ја споделувам мојата музика преку социјалните мрежи, но и да создавам моменти кои луѓето ќе ги паметат.

Мојот најголем сон е звукот на мојот тапан да стигне уште подалеку и преку него да ја претставам македонската музика и традиција пред што поголема публика.

А каде точно ќе ме одведе оваа приказна  не знам. Но знам дека сакам да продолжам. Почнав сама, од нула, само со желба да научам да свирам, а денес тапанот е дел од мојот живот. И верувам дека најубавото допрва доаѓа.

Тагови: традиции Павлина Горгиева тапан музика