МАГРОНИ ДОО - Скопје е една од водечките македонски компании за производство и дистрибуција на природна минерална и изворска вода, освежителни безалкохолни пијалаци и алкохолни пијалаци.
Нашиот успешен тим има потреба од нов член за следната работна позиција:
Работник во магацинот во Скопје
Кандидатот ќе биде одговорен за:
- Извршување истовар и сместување на суровини и други производи за потребите на производниот процес.
- Врши подготовка на стоката (готов производ) и товарење.
- Врши други работи што ќе му бидат доверени од страна на одговорниот за магацин и експедиција.
Барања за позицијата:
- Средно образование
- Пожелно живеалиште во Скопје и околината
- Одговорност, комуникативност и способност за работа во тим
- Работно искуство на слична позиција ќе се смета за предност
Компанијата нуди:
- Стимулативен финансиски пакет
- Дополнителни бонуси
- Динамична и професионална работна средина
- Тимска атмосфера
Доколку ги исполнувате горенаведените услови и верувате дека сте вистинската личност за наведената работна позиција, испратете ја Вашата биографија на [најави се за да го видиш е-маилот] , најдоцна до 05.11.2026 или јавете се на контакт бројот 02 3228458 секој работен ден (од понеделник до петок) од 8 до 16 часот.
Избраните кандидати ќе бидат контактирани за понатамошно интервју.