Винер Лајф лого

Додај во омилени

Добивај е-маил известувања за секој нов оглас.

Офицер за корпоративна продажба

За компанијата:

Акционерско друштво за осигурување ВИНЕР ЛАЈФ - Виена Иншуренс Груп Скопје.

повеќе за компанијата »

Што ќе работите?

На оваа позиција ќе бидете одговорни за развивање и реализација на продажни активности насочени кон корпоративни клиенти, од идентификување на потенцијални клиенти и воспоставување контакт, до подготовка и презентирање на соодветни решенија за животно и менџерско осигурување и развивање на долгорочни деловни односи.

Вашите главни задачи ќе вклучуваат:

  • Пронаоѓање и контактирање потенцијални корпоративни клиенти;
  • Организирање и реализација на состаноци и презентации со корпоративни клиенти;
  • Развивање и одржување долгорочни деловни односи со клиентите;
  • Презентирање и предлагање решенија за животно и менаџерско осигурување;
  • Следење на продажните активности и остварување на поставените цели;
  • Идентификување можности за проширување на соработката со постојните клиенти.

Што нудиме?

  • Работно време од понеделник до четврток од 08.00 до 16.30 и петок од 08.00 до 14.00 часот;
  • Приватно здравствено осигурување;
  • Атрактивна месечна плата во зависност од квалификациите и стручноста на кандидатот;
  • Континуирана поддршка и воведување во работните процеси;
  • Можност за долгорочен ангажман и професионален развој;
  • Пријатна работна атмосфера и култура на комуникација;

Квалификации?

  • Најмалку 2 години работно искуство во продажба, осигурување, банкарство или финансиски услуги (искуство во финансискиот сектор како и во Б2Б продажбата се смета за предност.)
  • Професионален и пријатен однос со клиенти и соработници;
  • Развиени продажни вештини
  • Способност за финансиска анализа на деловни клиенти;
  • Ефикасна вербална и писмена комуникација;
  • Способност за тимска работа;
  • Активно познавање на работа со персонален компјутер (MS
  • Office);
  • Познавање на англиски јазик;

Работната позиција е на определено време со можност за продолжување на неопределено време;

Работната позиција се однесува за Скопје.

Условите за вработување се засноваат на правичен и еднаков принцип за сите кандидати без полова, расна, верска или каква било друга дискриминација.

Со испраќањето на Вашите лични податоци, изразувате согласност тие да се користат за потребите на сопственото работење на осигурителното друштво ВИНЕР ЛАЈФ-Виена Иншуренс Груп АД Скопје согласно со Законот за лични податоци.

Ве молиме Вашата кратка биографија (CV) да ја испратите со задолжителна назнака на апликацијата: “Офицер за корпоративна продажба“ на следнава e-mail адреса: [најави се за да го видиш е-маилот] најдоцна до 29.09.2026 година.

Селектираните кандидати ќе бидат поканети на интервју.

НАПОМЕНА:

Непотполните апликации нема да бидат земени во предвид.

Tимот на ВИНЕР ЛАЈФ ОСИГУРУВАЊЕ ви стои на располагање за било какви дополнителни прашања кои може да ги испраќате на истата адреса за е-пошта.

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »