Кромберг и Шуберт Битола организираше ново издание на КРОШУ Детска Авантура

„Понеси си костим за капење!“ беше доволно за да ја разбуди детската љубопитност. А она што ги очекуваше најмладите беше многу повеќе од обична забава!

Изминатиот викенд, Кромберг и Шуберт Битола организираше ново издание на КРОШУ Детска Авантура, настан кој собра околу 1.250 деца и нивните семејства во ден исполнет со игра, вода, музика, дружење и многу незаборавни моменти.

Овојпат, просторот се претвори во вистинска летна оаза. Со водени замоци, пена забава, музика, маскоти, детски активности, храна, освежување и, секако, сладолед.

Но, КРОШУ Детската Авантура започна со нешто уште поважно, а тоа е можноста децата да влезат во светот во кој секојдневно работат нивните родители.

Еден поинаков поглед кон работното место на мама и тато. Пред да започне забавата, најмладите имаа можност да ја посетат компанијата и одблиску да се запознаат со работната средина на своите родители.

Преку презентација прилагодена на нивната возраст, тие дознаа повеќе за Кромберг и Шуберт, за производството и за процесот на изработка на кабелските снопови.

Она што за возрасните е дел од секојдневната работа, за децата беше нов свет за откривање и можност да видат каде нивните родители го минуваат својот работен ден и да разберат дел од приказната што стои зад нивната професија.

За многумина тоа беше прва ваква посета, а за родителите, посебен момент своето работно место да го споделат со оние кои им значат најмногу.

А веднаш потоа, започна вистинската водена авантура.

По посетата на компанијата, сериозниот дел од денот брзо му отстапи место на најважното правило на КРОШУ Детската Авантура, да се игра без престан.

Водените замоци веднаш станаа едни од најпосетените места, а летната атмосфера дополнително ја раздвижија музиката и пена забавата.

За неколку моменти просторот беше исполнет со вода, меурчиња, музика и стотици деца кои уживаа во програмата. Дека возраста не е пречка за добра забава покажаа и родителите, кои заедно со најмладите уживаа во музиката и атмосферата.

Маскоти, фотографии и спомени што се носат дома.

Посебно внимание привлекоа и маскотите. Жирафата, слонот, крокодилот и лавот, кои брзо станаа омилени партнери за фотографирање и дружење.

Секој дел од просторот нудеше ново изненадување, а програмата беше дополнета со вкусно гиро, освежителни пијалаци и неизбежниот фаворит на најмладите, сладоледот.

Организаторите се погрижија спомените од денот да не останат само на телефоните. Децата имаа можност да се фотографираат во специјално подготвениот простор и да понесат фотографија со себе, а дополнителните подароци беа уште еден мал потсетник на денот поминат со семејството и пријателите.

Ова беше повеќе од детски настан...

И зад бројката од околу 1.250 деца не стои само успешно организиран настан.

Стојат 1.250 мали причини да се создаде нешто повеќе од еден обичен работен ден.

Преку организирањето на вакви настани, Кромберг и Шуберт создава можности за дружење, заеднички моменти и убави спомени за вработените и нивните семејства.

КроШу Детската Авантура уште еднаш покажа дека најубавите моменти се оние што се споделуваат – со колегите, со пријателите, но пред сè со семејството.

И можеби токму затоа оваа детска авантура најдобро ја опишува максимата: „Човештвото им должи на децата сѐ најдобро што може да им се даде.“

Кромберг и Шуберт Битола упатуваат голема благодарност до своите соработници Индустри сервис и МИГ Травел за нивниот удел во организација на настанот.

Тагови: Kromberg & Schubert Macedonia

А1 Македонија, Лидл, Зегин и многу други вработуваат!

Огласи за работа во А1 Македонија, Лидл, Зегин!

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

ПроКредит е германска развојно ориентирана банка со присуство во Источна и Југоисточна Европа, посветена на поддржување микро, мали и средни претпријатија (ММСП) и физички лица, како и на поттикнување економски раст и одржлив развој.

Моментално вработува:

Стручен за управување со проблематични изложености

СЕТЕК сé од техника е лидер во областа на ИТ, аудио, видео и бела техника кој на македонскиот пазар. 

Моментално вработува:

Реферефт за продажба во Струмица
Магационер - Скопје

Лидл е семеен бизнис заснован на едноставна филозофија: дека клиентите заслужуваат најквалитетни стоки и намирници по цени што секој може да си ги дозволи. Веќе повеќе од четириесет години, уникатниот пристап на Лидл ги менувa и подобрувa заедниците во 30 земји, каде што Лидл се прошири и оперативно работи со околу 12.200 продавници и вработува повеќе од 376.000 луѓе.

Сите активни огласи од Лидл можете да ги најдете ТУКА.

ВИНЕР ЛАЈФ – Виена Иншуренс Груп Скопје е компанија специјализирана за животно осигурување и дел од Vienna Insurance Group (VIG), една од водечките осигурителни групации во Централна и Источна Европа.

Моментално ваработува:

Офицер за корпоративна продажба

Тара Мода ДООЕЛ Скопје е компанија од областа на малопродажбата, специјализирана за продажба на облека, обувки и модни и спортски производи. Компанијата е присутна на македонскиот пазар со брендовите Beosport и Nine West, со продавници во водечките трговски центри во Скопје.

Моментално вработува:

Продажен асистент Nine West City Mall
Асистент за продажба во Беоспорт Diamond
Асистент за продажба во Беоспорт East Gate

Рамстор Македонија е една од водечките малопродажни синџири во земјата. Од своето основање во 2005 година, компанијата постојано расте и денес располага со широка мрежа на супермаркети и трговски центри низ цела Македонија.

Сите огласи од Рамстор Македонија можете да ги најдете ТУКА.

Вдл Бус Македонија Дооел, белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2, во Бунарџик/Илинден.

Сите огласи од Вдл Бус Македонија можете да ги најдете ТУКА.

Компанијата А1 Македонија е член на Групацијата А1 Телеком Австрија, водечки провајдер за комуникациски и дигитални решенија во Централна и Источна Европа.

Сите огласи од А1 Македонија можете да ги најдете ТУКА.

Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови.

Сите огласи од Зегин можете да ги најдете ТУКА.

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Повторно во игра 32-часовна работна недела во САД

Четири работни дена, иста плата? Нов предлог во САД повторно ја отвори дебатата дали технолошкиот напредок треба да значи и повеќе слободно време за работниците.

Американските законодавци повторно ја отворија дебатата за пократка работна недела, откако на 8 септември 2026 година конгресменот Марк Такано и сенаторот Берни Сандерс повторно го претставија предлог-законот „Thirty-Two Hour Workweek Act“. Со него, стандардната работна недела за опфатените вработени би се намалила од 40 на 32 часа, без автоматски да се воведе четиридневен работен распоред за сите.

Суштината на предлогот е промена на прагот за пресметка на прекувремена работа според федералниот Закон за фер работни стандарди. Тоа значи дека работниците опфатени со правилата, најчесто оние платени по час, би добивале прекувремена исплата за часовите над новиот праг. Предлагачите велат дека ваквиот модел е оправдан поради силниот раст на продуктивноста и технолошкиот напредок, вклучително и вештачката интелигенција, автоматизацијата и роботиката.

Иако предлогот не забранува работа подолга од 32 часа неделно, тој би ги обврзал работодавачите дополнително да ги платат тие часови. Такано и Сандерс сметаат дека дел од економската корист од новите технологии треба да ја почувствуваат и работниците, преку повеќе слободно време без намалување на платата и бенефициите. Засега, сепак, станува збор само за предлог-закон, а останува неизвесно дали ќе добие доволна поддршка во Конгресот.

Тагови: работна недела САД

ЕУ воведува нова такса за мали пакети: Нарачките од Temu и Shein ќе поскапат

Од ноември 2026 година, малите пратки од онлајн продавници надвор од ЕУ ќе добијат нов дополнителен трошок. Платформите како Temu и Shein ќе преземат поголема одговорност за царинските давачки.

Брисел – Европската Унија најдоцна од 1 ноември 2026 година ќе почне со примена на нова такса за обработка на малите пратки што пристигнуваат преку е-трговија од земји надвор од Унијата. Мерката е дел од поширока реформа на царинскиот систем, со која ЕУ сака подобро да одговори на огромниот раст на евтини пакети, особено од платформи како Temu и Shein. Точниот износ на новата такса сè уште не е утврден и дополнително ќе го одреди Европската комисија.

Оваа давачка ќе биде одвоена од веќе постојната привремена царинска давачка од 3 евра, која се применува од 1 јули 2026 година за мали пратки со вредност до 150 евра. Сепак, овие три евра не значат секогаш фиксен трошок по пакет, бидејќи износот зависи од бројот на тарифни категории на производите во пратката. Така, ако пакетот содржи производи од две различни категории, царинската давачка може да достигне и 6 евра.

Со реформата значително се менува и одговорноста на онлајн трговците: платформите и продавачите што испорачуваат стоки директно до европски купувачи ќе се третираат како увозници и ќе мора самите да ги исполнуваат царинските формалности и да се грижат за плаќањето на давачките. Според податоците на ЕУ, во 2024 година на европскиот пазар пристигнале околу 4,6 милијарди мали пакети, од кои 91% потекнувале од Кина. Во рамки на реформата е предвидено и создавање на единствен Центар за царински податоци на ЕУ, кој треба да стане оперативен за е-трговијата од 1 јули 2028 година.

Тагови: ЕУ такси Тему Шеин