АРХИТЕКТ – ПРОЕКТ МЕНАЏЕР
Локација: Скопје
Од идеја до реализација. Од визија до резултат.
HR 2 Unlimited, за потребите на свој клиент од областа на градежништвото и развојот на недвижности, е во потрага по искусен професионалец кој ќе преземе одговорност за планирање, координација и успешно реализирање на архитектонски и градежни проекти.
ВАШАТА УЛОГА
Како Архитект – Проект Менаџер, ќе управувате со сите фази на проектите, од идејно решение и проектирање до изведба и завршување, обезбедувајќи висок квалитет, почитување на роковите и оптимално користење на ресурсите.
ГЛАВНИ ОДГОВОРНОСТИ
- Планирање, организација и координација на комерцијални архитектонски и градежни проекти.
- Управување со проектни буџети, рокови и динамички планови.
- Раководење и координација на технички тим.
- Контрола на проектната и техничката документација.
- Координација со изведувачи, подизведувачи, добавувачи и други учесници во проектите.
- Учество во избор и преговори со подизведувачи.
- Следење на квалитетот на изведбата и усогласеноста со законските прописи.
- Подготовка на редовни извештаи за напредокот на проектите.
ШТО ОЧЕКУВАМЕ ОД ВАС
- Завршено високо образование на Архитектонски факултет.
- Минимум 8 години релевантно професионално искуство во изградба на комерцијални проекти.
- Докажано искуство во управување со архитектонски или градежни проекти.
- Одлично познавање на градежните процеси, материјали, стандарди и законска регулатива.
- Развиени организациски, лидерски и комуникациски способности.
- Самостојност во одлучувањето, иницијативност и ориентираност кон резултати.
- Напредно познавање на AutoCAD и MS Office.
- Добро познавање на англиски јазик.
- Познавање на дополнителни софтверски алатки за архитектонско проектирање ќе се смета за предност.
КАКО ДА АПЛИЦИРАТЕ
Доколку поседувате соодветно искуство и сте подготвени за нов професионален предизвик, испратете ја вашата биографија на [најави се за да го видиш е-маилот] , со назнака „Архитект – Проект Менаџер“.
Сите апликации ќе бидат третирани со целосна доверливост. Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесниот избор.
HR 2 Unlimited
Beyond Recruitment. Beyond Limits.