Владата најави можност за докуп на до две години стаж за пензија

Граѓаните на кои им недостигаат до 24 месеци за законскиот минимум од 15 години стаж, наскоро би можеле сами да го надополнат и да стекнат право на пензија.

Лицата на кои им недостигаат до две години работен стаж за да го достигнат законскиот минимум од 15 години, наскоро би можеле сами да го докупат преостанатиот период и да остварат право на пензија. Оваа можност ја најави министерот за социјална политика, Ѓоко Велковски, со предлог-решение што во моментов се разгледува во Владата.

Според најавите, мерката ќе важи за граѓани кои имаат најмалку 13 години стаж, ги исполнуваат условите за старосна пензија и повеќе не се активни осигуреници. Ќе може да се докупат најмногу 24 месеци, а трошокот ќе го сносат самите граѓани преку уплата на придонеси за месеците што им недостигаат. Износот ќе зависи од бројот на месеци, при што придонесите ќе се пресметуваат на половина од просечната плата од претходната година.

По извршената уплата, пензијата ќе се пресметува според редовната законска формула, врз основа на вкупниот стаж и примањата остварени во текот на работниот век. Доколку законското решение биде усвоено, тоа би значело нова можност за лицата на кои им недостига мал дел од стажот да не останат без право на пензија.

Тагови: пензија Фонд на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија (ФПИОСМ)

Дали млекото навистина е неопходно за здрави коски?

Овие намирници се добар извор

Млекото со години се поврзува со здрави и цврсти коски, најмногу поради калциумот кој го содржи. Но, дали навистина мора да пиеме млеко за да имаме здрави коски?

Одговорот е – не. Калциумот е важен за одржување на коските, но млекото не е единствениот негов извор. Калциум може да се внесе и преку јогурт, сирење, одредени видови зеленчук, јаткасти плодови, семиња, риба која се јаде со коски, како и преку некои производи збогатени со калциум.

За здравјето на коските не е важен само калциумот. Витаминот Д му помага на организмот подобро да го апсорбира калциумот, а важни се и доволниот внес на протеини и редовната физичка активност.

Особено во детството и младоста, балансираната исхрана и движењето се важни за правилен развој и градење на коскената маса.

Затоа, ако не консумирате млеко, тоа не значи дека автоматски ќе имате слаби коски. Најважно е преку разновидна исхрана да ги внесувате потребните хранливи материи и да одржувате активен начин на живот.

Млекото може да биде дел од здравата исхрана, но не е единствениот пат до здрави коски.

Тагови: витамин Д витамини здрав напиток здрава храна здрави коски млеко

ФЗО најавува построги правила за боледување: матичен лекар ќе отвора до пет дена

Нови мерки од ФЗО за спречување злоупотреби: пократко боледување кај матичен лекар и теренски контроли на домашна адреса.

Фондот за здравствено осигурување најави измени на Правилникот за боледување и критериумите за контрола, со цел да се спречат злоупотреби и средствата да стигнат до оние на кои навистина им се потребни. Според предлогот, матичните лекари ќе можат да издаваат боледување во траење до пет дена, наместо досегашните седум, додека за лицата кои поради здравствена состојба не можат физички да дојдат, постапката за отворање боледување ќе биде олеснета.

Директорот на ФЗО, Златко Перински, изјави дека новина е можноста, врз основа на извештај од контролор, дополнително да се ревидира лекарското иследување издадено од лекарска комисија. Тој посочи дека Фондот за 2026 година има предвидено 6 милијарди и 454 милиони денари за боледувања и породилно отсуство, оценувајќи дека станува збор за значителна сума која бара построга контрола.

Контролите, како што најавуваат од ФЗО, ќе се вршат по случаен избор или по пријава од работодавач, а контролорот ќе може да го посети осигуреникот на домашната адреса додека е на боледување. Доколку лицето не биде пронајдено дома, ќе му биде оставен документ со повик да се јави пред соодветна лекарска комисија и да објасни зошто не било на местото каде што го користи боледувањето. За утврдените случаи ќе бидат известени и работодавачите.

Тагови: боледување Фонд за здравствено осигурување (ФЗО)

Погледнете ги сите огласи за вработување во Хотел Мериот!

Вработување во Хотел Мериот!

Сместен на самиот плоштад Македонија, хотелот Marriott Skopje претставува симбол на луксуз, врвна услуга и современ стил во срцето на градот. Како дел од глобалниот синџир Marriott International, хотелот нуди уникатно искуство за гостите, со високи стандарди на услуга, комфор и гостопримство. Располага со модерно опремени соби, врвен спа и фитнес центар, ресторан со интернационална кујна и еден од најпрестижните бизнис и настански капацитети во регионот.

Работата во Marriott значи да си дел од светски препознатлив бренд, кој ги негува вредностите на интегритет, иновација и тимска работа. Ако си личност која е посветена на квалитет, има страст за угостителство и сака да биде дел од динамична и професионална средина – Marriott Skopje е вистинското место за тебе!

Моментално вработува:

Собар - ка / Hotel Cleanliness Expert
Келнер/ка - F&B Service Expert
Рецепционер/ка - Guest Experience Expert
Хостеса / Hostess
Келнер/ка (Собна послуга) - F&B Service Expert (Room service)

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции ќе ги најдете ТУКА.

Тагови: Skopje Marriott Hotel