Компанија за производство на дрвени прозорци и термопан стакло има потреба од работници за работа во производствениот погон.
Работни задачи:
- Производство и обработка на дрвени прозорци
- Сечење и обработка на стакло
- Изработка на термопан стакло – подготовка, лепење и составување на стаклени елементи
- Работа со производствени машини и опрема
- Контрола на квалитетот на готовите производи
Потребни квалификации:
- Одговорност, прецизност и посветеност на работата
- Способност за тимска работа
- Подготвеност за работа во производствен погон
- Работно искуство во производство на прозорци или термопан стакло ќе се смета за предност, но не е задолжително
Нудиме:
- Стабилно и долгорочно вработување
- Редовна плата
- Организирана работна средина
- Можност за професионално усовршување
Локација; Пат Пршовце-Јегуновце
Работно време: 0700 до 1700
Пријавување: Заинтересираните кандидати можат да се пријават на телефонскиот број [+38971252800] или преку е-пошта [најави се за да го видиш е-маилот] .
Доколку сте мотивирани за работа и сакате да бидете дел од нашиот тим, ве очекуваме да аплицирате!