ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ
Административен работник
Фирма која се занимава со греење, вентилација и климатизација (HVAC) ЕИНЛУФТ -ИНГ Скопје има потреба од административен работник за работа во канцеларија.
Работни задачи и одговорности:
- Извршување на секојдневни административни и канцелариски работи.
- Изработка и обработка на документи, понуди и фактури.
- Подготовка и евиденција на нарачки.
- Внесување и ажурирање на податоци во компјутер.
- Комуникација со клиенти, добавувачи и деловни партнери.
- Следење на нарачки и организирање на потребната документација.
- Архивирање и уредно водење на деловната документација.
- Извршување други административни задачи поврзани со работењето на фирмата.
Потребни квалификации и вештини:
- Завршено средно образование.
- Основно познавање на работа со компјутер.
- Познавање на Microsoft Word и Microsoft Excel.
- Добри организациски и комуникациски способности.
- Одговорност, точност и посветеност на работата.
- Способност за самостојна работа и работа во тим.
- Работно искуство: Предност, но не е задолжително.
Лице за контакт: Драган
Тел. 070 234 488