(преземи го огласот како слика)

Работни одговорности на Келнер во Ресорт Маврово:
- Ги пречекува и љубезно ги послужува гостите во ресторанот и одговара на нивните барања;
- Врши наплата на порачаната храна и пијалоци;
- Се грижи за одржување и хигиена во работниот простор;
- Други одговорности соодветни на работното место Келнер.
Работни одговорности на Шанкер во Ресорт Маврово:
- Подготвува пијалоци во согласност со нарачките од гостите во ресторанот;
- Се грижи за одржување и хигиена во работниот простор;
- Води евиденција за залихата на пијалоци;
- Други одговорности соодветни на работното место Шанкер.
Карактеристики кои нашиот идеален кандидат треба да ги поседува:
- Ориентиран кон задоволство на гостите;
- Да е љубезна, ведра и насмеана личност;
- Лојалност и чесност;
- Проактивна, вредна и енергична личност;
- Одговорност и посветеност кон работата,
- Високо ниво на комуникациски вештини;
- Тимски играч и колегијалност;
- Работа под притисок и мултитаскинг, личност која има решение за секој предизвик;
- Желба за личен раст и развој;
- Брзина и спретност.
Потребни квалификации:
- Претходно работно искуство од мин. 2 години;
- Познавање на странски јазик се смета за предност;
- Минимум ССС (Средно стручно угостителско е предност);
- Работа во две смени.
Доколку станете наш вработен добивате:
- Сместување и 3 оброци;
- Платени трошоци за превоз;
- 8 слободни денови во месецот;
- Можност за користење на теретана и спа центар;
- Попуст за сместување на најблиските во нашите хотели;
- Бесплатна карта за жичарница;
- Можност за обуки, напредок, награди, тим билдинг активности.
Локација: Ресорт Маврово – Маврово
Тип на вработување: Полно работно време
Како да аплицирате:
Пратете ни го Вашето CV и Мотивационо писмо на следниот меил: [најави се за да го видиш е-маилот] и во subject наведете за кое работно место во Сектор Ресторан аплицирате, Келнер или Шанкер.
Лице за контакт: Димитрија Ристевски - Човечки ресурси, Ресорт Маврово.
Рок за пријавување на огласот: .10.07.2022
Disclaimer:
- Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ги исполнуваат бараните критериуми и компетенции и кои ќе имаат комплетна апликација;
- Кандидатите во процесот на селекција ќе бидат тестирани;
- Кандидатот со испраќање на апликацијата се согласува истата да остане во базата на кандидати на компанијата;
- Ресорт Маврово е горд работодавач кој дава еднаква шанса на сите.