Друштво за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје лого

Деловен Асистент во Генерална дирекција

За компанијата: ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје е Друштво за неживотно осигурување кое се стреми кон брз развој и зголемено учество на пазарот на осигурување во Република Северна Македонија. На нашите вработени им нудиме динамична... повеќе за компанијата »

Активни огласи од Друштво за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје:

Соработник за продажба

ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје е Друштво за неживотно осигурување кое се стреми кон брз развој и зголемено учество на пазарот на осигурување во Република Северна Македонија. На нашите вработени им нудиме динамична работа со можност за  професионален развој и надоградба како и одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим.

Во согласност со нашата цел и стратегија имаме потреба од мотивирани кандидати за вработување на следната работна позиција:

                                        Деловен Асистент на Извршен директор во Генерална дирекција

  • Основни работни обврски

Основна обврска на Деловниот асистент е организирање и координирање на работата на Извршниот директор, давање на релевантни и навремени информации, водење дневник и организирање на состаноци, организирање на деловни патувања, организирање и воспоставување комуникација помеѓу Извршен директор и трети лица, водење евиденција за трошоци и изготвување извештај за истите.

Потребни квалификации и карактеристики:

  • Високо образование
  • Одлични комуникациски и организациски вештини;
  • Ориентираност кон  клиенти;
  • Професионален пристап кон работните обврски;
  • Познавање на Турски јазик.

Доколку сакате да станете дел од нашето Друштво, испратете ни ваше CV на следната е-маил адреса:  [најави се за да го видиш е-маилот] , со назнака “Оглас за вработување на Деловен асистент“

Со доставувањето на вашата апликација потврдувате дека прифаќате вашата апликација и лични податоци да бидат земени во предвид за идните потреби од нови вработувања на Друштвото.

Напомена:  Само кандидатите што ќе влезат во потесниот круг ќе бидат повикани на интервју.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Останати огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · забава · hr вести · hr совети · блог
барај огласи за вработување »