
- Објавен на 5.2019
- CASTINVEST
- Активен до 13.06.2019
- Позиција: Инженер и технолог
- Локација: Скопје
- Телефон: 02/551-5001
CASTINVEST е иновативна компанија за производство на одлеаноци од сив и нодуларен лив, која се позиционира на врвот како една од водечките компании со врвен квалитет на производи и услуги кои ги пласира на домашниот и меѓународниот пазар.
Со својата работа се стремиме кон деловна совршеност во сопствената дејност, иновативен развој на производите и процесите како и непрекинато зголемување на продуктивноста и квалитетот. Изработуваме фазонски делови наменети за водоводни и гасовни инсталации, канализациска арматура, одлеаноци од алуминиум за машинска индустрија
Каст Инвест Доо има потреба од следната работна позиција:
Машински инженер
Потребни квалификации:
- ВСС - Машински факултет (предност худраулика и пневматика)
- Работно искуство не помалку од 3 години во иста или слична позиција
- Одлично познавање на англиски јазик во говорна и пишана форма
- Напредно познавање на Microsoft Excel, Power Point и одлично познавање на другите MS Office апликации
Oдговорности:
- Развива, планира и спроведува програма за да се осигура дека линиите се одржуваат според потребните стандарди
- Го координира персоналот за машинско одржување при случајни дефекти и планира поправки (ремонти)
- Го следи и координира буџетот за одржување за да се осигура дека тој е соодветно распределен
- Ги развива и одржува сите потребни системи и процедури за да се осигура безбедност на линиите
- Обезбедува технички совети и подршка на менаџерите на единиците во производство за сите прашања поврзани со одржувањето
- Го мотивира и координира тимот за одржување да ги изврши задачите ефективно
Ние нудиме:
- Можност да сте дел од голема регионална компанија
- Стабилност и можност за развивање
- Градење на успешна кариера
- Можност за надградба на професионален план
- Одлични услови за работа – атрактивна и динамична работа
- Професионална обука според личните потенцијали и потребите на компанијата
- Мотивирачки месечен надоместок и пакет бенефиции.
Апликација
Преку испраќање на ваше CV на [најави се за да го видиш е-маилот] или испраќање на адреса Castinvest, ул. Перо Наков, број 120, 1000 Скопје. Со самото аплицирање на овој оглас, давате согласност Вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од 6 (шест) месеци
Слични огласи »