
За компанијата: ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје е Друштво за неживотно осигурување кое се стреми кон брз развој и зголемено учество на пазарот на осигурување во Република Северна Македонија. На нашите вработени им нудиме динамична...
повеќе за компанијата »ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје е Друштво за неживотно осигурување кое се стреми кон брз развој и зголемено учество на пазарот на осигурување во Република Северна Македонија. На нашите вработени им нудиме динамична работа со можност за професионален развој и надоградба, како и одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим.
Во согласност со нашата цел и стратегија имаме потреба од мотивирани и талентирани кандидати за вработување на следната работна позиција:
Соработник за ИТ систем
- Дава поддршка на вработените во врска со сите нивни прашања и/или евентуални проблеми при користење на апликативните системи на Друштвото;
- Се грижи за одржување на компјутерската мрежа и новите верзии на апликативните програми;
- Врши бек-ап на податоците, согласно утврдените правила;
- Ги обучува вработените за употреба на мрежата за електронска обработка на податоци;
- Ја инсталира компјутерската мрежа во сите локации на Друштвото;
- Води евиденција за сите компјутери и друга електронска опрема и ја известува Дирекцијата за финансии за задолжување на вработени со истите;
- Се грижи за непречено функционирање на електронската мрежа на обработка на податоците и за било какви евидентирани пропусти ги евидентира своите претпоставени;
- Води евиденција за сите проблеми кои ги пријавуваат вработени во дирекција и Филијали и преземени активности по истите;
- Одговара за менаџирање на целокупната електронска опрема;
- Ги воспоставува врските на Друштвото преку интернет и се грижи за функционирање на веб страна на Друштвото;
- Врши и други работи на барање на претпоставени.
Потребни квалификации и карактеристики:
- Завршено високо образование VI/1 степен;
- Работно искуство на иста или слична работна позиција од најмалку 1 (една) година;
- Одлично познавање на македонски и англиски јазик. Познавањето на Турски или Албански јазик се смета за предност;
- Напредно користење на MS Office (Word, Excel, Microsoft Outlook);
- Одлични комуникациски и преговарачки вештини;
- Способност за тимска работа;
- Преземање на инцијатива и позитивен пристап кон работните обврски.
Бенефиции:
- Приватно здравствено осигурување;
- Континуирани обуки за кариерен и професионален развој;
- Тим билдинг и спортски активности, активности за мотивација на вработени.
Доколку сакате да станете дел од нашето Друштво, испратете ни ваше CV и мотивационо писмо на следната е-маил адреса: [најави се за да го видиш е-маилот] , со назнака Оглас за вработување на “Соработник за ИТ систем”.
Со доставувањето на вашата апликација, потврдувате дека прифаќате вашата апликација и лични податоци да бидат земени во предвид за идните потреби од нови вработувања на Друштвото.
Нaпомена: Само кандидатите што ќе влезат во потесниот круг ќе бидат повикани на интервју.
Слични огласи »