
За компанијата: Нептун е бренд име на компанијата Нептун Македонија ДОО Скопје, основана во 1998 година, која во 1999 година станува дел од Нептун Интернешнал и Балфин Групација - Balkan Finance Investment Group.
Нептун...
повеќе за компанијата »(преземи го огласот како слика)

Во име на својот ексклузивен бренд, FUEGO International - NEPTUN го проширува регионалниот тим.
FUEGO International, дел од BALFIN Group – еден од најмоќните бизнис-системи во Југоисточна Европа е бренд што ја дефинира иднината на домувањето. Преку иновативна технологија, дизајн и пристапна цена, создадовме мрежа на доверба со потрошувачи во С. Македонија, Албанија, Косово и Босна и Херцеговина.
Нашето портфолио опфаќа сѐ од паметни телевизори и клима уреди, до бела техника и урбана мобилност. Секој наш производ носи потпис на сигурност, паметна функционалност и модерен изглед.
Повеќе од 25 години, FUEGO континуирано го зголемува своето регионално присуство и се искачува на водечка позиција во својот сегмент.
Сега, имаме ново работно место и можеби токму ТИ си личноста што ја бараме за
ГРАФИЧКИ ДИЗАЈНЕР
Основни одговорности
- Дизајн и графичко уредување на рекламните материјали, летоци и останати маркетинг и промотивни материјали, со локализација за сите земји во кои е присутен брендот
- Дизајн и координација на продукција на ТВ реклами за потребите на Друштвото
- Дизајн и продукција на веб банери за веб страната на Друштвото
- Создавање креативен визуелен приказ на дизајнот (story board)
- Обезбедување фотографии со висока резолуција и материјали со цел нивно прилагодување за дизајн
- Комуникација со печатници околу техничкиот аспект на печатењето; подготовка и проследување на податоци до соодветната печатница и проверка на квалитетот на печатењето
- Комуникација со локалните добавувачи околу техничкиот дел од процесите
- Развивање креативни решенија за брендирање на продавниците во Друштвото
- Креирање на различни формати на дизајн материјали (за дигитални канали, социјални мрежи, принт, веб и сл.)
Потребни квалификации:
- Пожелно е високо образование или академија од областа на графичкиот дизајн
- Познавање на индустријата, технолошки и маркетинг трендови и технологии
- 2-3 години работно искуство и познавање на Adobe Photoshop, Adobe Illustrator, Adobe InDesign, XD
- Познавање на Figma, Canva или Sketch за UX/UI design
- Познавање на процес на печатење и подготовка на припреми за печатење
- Искуство со развивање на идентитет на бренд и насоки за негово користење
- Познавање на англиски јазики и MS Office
- Детален пристап, способност за работа на различни проекти истовремено и придржување до временски рамки и рокови
- Адаптибилност и подготвеност за учење нови алатки и трендови во индустријата
Нашата компанија нуди:
- Култура на почит, отвореност, взаемно помагање и тимска работа
- Работа со тим на професионалци
- Можност за развој и напредување
- Работно време: понеделник-петок; 07:30/08:00 – 15:30/16:00часот
Доколку сте подготвени за работа во динамична интернационална средина, каде се цени инвентивноста и оригиналното размислување, ве покануваме да аплицирате на означеното поле, до 13.07.2025.
Останати огласи »