Добивај е-маил известувања за секој нов оглас.
(преземи го огласот во Word)
Огласуваме слободно работно место на позицијата: МАШИНСКИ ИНЖЕНЕР – КОНСТРУКТОР
Озон има потреба од машински инженер - конструктор, кој ќе му се придружи на нашиот инженерски тим во Скопје. Кандидатот ќе биде одговорен за конструирање и изработка на техничка документација и цртежи за производство на машини и производи за климатизација и други производи.
Потребно е да се исполнат следниве услови за да се конкурира:
Машински Факултет – Производно инженерство или слично
3 години работно искуство во конструирање на делови и склопови ќе се смета за предност
Одлично познавање и активна работа на програми за 3Д цртање – “Autocad Inventor” или “Solidworks”
Познавање програми за работа на компјутер – “excel, word” и други
Познавање англиски јазик
Да поседува вештини за прецизност во работењето, одговорност кон работата,позитивен однос кон околината, грижа кон луѓето и лојалност
За следниве работни задачи
Изработка на технички цртежи и документација за производство во “Autocad Inventor”, работа со “CAD/CAM” софтвер, следење на производствен тек, дизајнирање нови производи и симулации
Работа врз основа на дневни, месечни и годишни планови за производство
Одговорен и посветен однос кон работата, спремност за завршување на задачите во зададен временски рок, посветеност на детали
Организација и архивирање документација за тековната работа
Примена и реализација на современи решенија и технологии во производство
Се добиваат следниве услови за работа
Редовни солидни примања
Работа во климатизирани простории
Можност за обука и стекнување нови знаења
Можност за посета и учество на саеми и други стручни надградувања
Награди за квалитетно извршување на работните задачи
Исплата на регрес за годишен одмор согласно со условите за стекнување
Можност за остварување новогодишен или друг надоместок
Доколку ги исполнувате бараните услови Ве повикуваме да ги испратете ги вашата биографија и писмо за мотивација на Македонски јазик на адреса: [најави се за да го видиш е-маилот]
Слични огласи »
Обуки
пред 53 минути
пред еден час
пред 3 часа
пред 4 часа
пред еден ден
пред 2 дена
пред 3 дена
пред 4 дена