
За компанијата: ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје е Друштво за неживотно осигурување кое се стреми кон брз развој и зголемено учество на пазарот на осигурување во Република Северна Македонија. На нашите вработени им нудиме динамична...
повеќе за компанијата »Потребни услови:
- ВСС 7/1 степен, Факултет и посебно Овластување за ревизор;
- Најмалку 5 години работно искуство;
- Најмалку 3 години работно искуство во областа на осигурувањето;
- Познавање и работа на компјутери;
- Пожелно е познавање на англискиот јазик.
Опис на работите и задачите:
- Врши целосна ревизија на работењето на Друштвото со цел да се утврди дали Друштвото: ги врши работите на осигурување во согласност со Законот за супервизија на осигурување, како и во согласност со Внатрешните акти со кои се регулира работењето на Друштвото;
- Изготвува годишна програма за работа;
- Ги извршува и задачите определени со Годишниот план за ревизија кој го донесува органот на надзор на Друштвото;
- Најмалку два пати годишно, изготвува извештаи за спроведената внатрешна ревизија, односно за своето работење изготвува квартални извештаи по изминување на секој квартал од годината;
- Изготвува годишен извештај за внатрешната ревизија;
- Доколку при спроведување на внатрешната ревизија се утврди дека Друштвото ги повредило правилата за управување со ризик и како резултат на тоа му претстои неликвидност или несолвентност, или е доведена во опасност сигурноста на работењето на Друштвото, веднаш за тоа ги известува органот на надзор и управување на Друштвото и;
- Врши други работи согласно Законот за супервизија на осигурување.
Останати огласи »