ПОПЕ КОМПАНИ ДОО лого

ПРОДАВАЧ НА ГРАФИЧКИ МАТЕРИЈАЛИ

За компанијата: Продажба на рекламни материјали на големо и печатење на истите. Увозник на реномирани брендови. повеќе за компанијата »

ПОПЕ КОМПАНИ ДОО СКОПЈЕ има потреба за вработување во својата

сестринска компанија СТ ГРАФ ДОО на следната работна позиција:

 

ПРОДАЖЕН АГЕНТ ЗА ГРАФИЧКИ МАТЕРИЈАЛИ

 

ПЛАТА: основна плата 18.000,00 ден со можност за екстра услови за надпросечни бонуси.

             + исплата на 0,5% од раб стаж секој месец, секоја година К-15, компаниски бонус на 5 години

             Работа само во прва смена, на адреса Горно Лисиче бр. 210, Скопје

 

Вашето уредно CV со задожителна напомена за која работна позиција аплицирате доставете го на
[најави се за да го видиш е-маилот]

 

ДЕЛ ОД ОПИС НА РАБОТНО МЕСТО:

  • - Продажба на големо и мало на графички материјали (машини и опрема за печатење, бои, самолепливи фолии, помошни материјали за дигитален и сито печат...)
  • - Планирање и имплементација на продажните активности
  • - Опслужување на постоечки клиенти преку примање и организирање нарачки, спремање на робата и испорака преку наш доставувач или курирска служба.
  • - Издавање на фискални сметки, испратници, фактури преку наш софтвер
  • - Изнаоѓање на нови потенцијални клиенти и организирање состаноци, посета на саеми
  • - Преговарање на услови за соработка и склучување договори
  • - Собирање и анализа на податоци од пазарот и клиентите
  • - Фокусирање на енергијата преку анализа на продажбите и изнаоѓање можности за развој и искористување на потенцијалот на пазарот и клиентите
  • - Следење на продажбата и предлагање идеи за унапредување на соработката со клиентите и бизнисот според новите трендови во графичката индустрија
  • - Одговорен е за исполнување на целите за продажба, наплата, нови клиенти… (Според договорен KPI модел)
  • - Допринос за унапредување на компанијата и пораст на прометот согласно годишните планови


Квалификации и образование:

  • Средно или Високо образование
  • 3+ години практично искуство на истата или слична позиција;
  • Добро познавање Англиски јазик;
  • Компјутерска писменост
  • Важечка возачка дозвола за Б категорија.
     

Професионални способности:

  • Технички експерт во својата област;
  • Способности за продажба;
  • Способности за убедување;
  • Преговарачки способности;
  • Техничко познавање на производите кои ги продава и умешност за брзо спознавање со истите;
  • Услужни способности и ориентираност кон клиентот;
  • Административни способности, способности за брзо учење и прилагодување за ракување со НСМЕТ (способност за брзо учење, обука од фирмата);
  • Презентерски способности;
  • Способност за поставување на приоритети и координација и контрола при организација;
  • Ефективно слушање и давање повратен одговор.

 

Персонални способности:

  • Ефективна пишана и усна комуникација;
  • Високо ниво на етика и морал;
  • Работа на константно подобрување и едукација;
  • Справување и решавање на проблеми во работата без нанесување на трајни последици на компанијата;
  • Ефективно менаџирање со времето;
  • Тимска работа;
  • Способност за работа под притисок и соодветно справување со редовните обврски при истиот;
  • Посветен/а на културата, мисијата, визијата, вредностите и целите на компанијата;
  • Редовност, уредност, одговорност и педантност во работата.

 

Доколку ги поседувате бараните предиспозиции и Вашиот профил одговара на бараните карактеристики, Ви благодариме доколку аплицирате и пројавите интерес да бидете дел од нашиот тим.

 

Вашето уредно CV со задожителна напомена за која работна позиција аплицирате доставете го на
[најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · забава · hr вести · hr совети · блог
барај огласи за вработување »