
За компанијата: Предизвиците во областа на човечките ресурси не се само наша секојдневна работа, туку се и наша страст. Нашето знаење и експертиза ни дозволуваат да имаме уникатен пристап кон секоја задача. Нашите клиенти...
повеќе за компанијата »Епинал ја пишува историјата на Битола која сега продолжува во ново светло. Неизбежно приметлива класика и украс на Широк сокак кој со генерации е и ќе остане уникатно и оригинално место за уживање на вистинските боеми, за поминување на време со саканите, за состанување на заљубените и за забава до доцните часови на најмладите.
Во срцето на Битола продолжуваме да ја чуваме традицијата и да ги следиме новите времиња и трендови како би ја понудиле најдобрата можна услуга на нашите гости. Секогаш сме подготвени да ја зачуваме и продолжиме нашата приказна и со следните генерации.
Биди дел од тимот кој што ќе ја продолжи магијата на хотелот Епинал!
Опис на работно место:
- Оперативен менаџмент на сите функции во хотелот;
- Ги води клучните функции на хотелот вклучително и капитални проекти, услуга и унапредување на перформансите;
- Одговорен за подготовка, презентација и сериско достигнување на оперативен буџет, маркетинг план, план за продажба и капитален буџет;
- Одговорен за профитабилноста на хотелот и редовно постигнување на таргетите за приходи и задоволство на гостите;
- Изготвува хотелски буџет и поставува краткорочни и долгорочни цели за неговото работење;
- Развива активности за подобрување и оптимизација на трошоците;
- Има добро познавање од Биланс на успех;
- На дневна основа изготвува и ревидира хотелски извештаи;
- Прави извештаи и прегледи за успех и на единиците под него – храна и пијалоци, соби, администрација;
- Помага на единиците за набавки и договори со трети страни;
- Работи на проекција на кариерен пат за сите вработени;
- Одговорен за нови клиенти на хотелот и нивно задоволство.
Потребни квалификации:
- Претходно работно искуство со хотелски менаџмент;
- Високо образование.
Дополнителни информации:
Компанијата нуди можност за професионален раст и развој, преку учество на семинари, тренинзи и конференции.
Сите заинтересирани кандидати своите професионални биографии можат да ги проследат на: [најави се за да го видиш е-маилот]
Крајниот рок за аплицирање е најдоцна до: 20/05/2019
Сите пристигнати апликации ќе се третираат со максимална доверливост.
Останати огласи »