За компанијата: САМЕРИМПЕКС ИМПУЛСИ е основана 1992 година. Специјализирана е за обезбедување интегрирани решенија за човековиот капитал во фирмите, како и за поддршка на нивниот организациски развој.
Наша примарна...
повеќе за компанијата »Самеримпекс Импулси (www.impulsi.com.mk) компанија за менаџмент и консалтинг за свој долгогодишен клиент со дејност во кетеринг услуги, кој работи со големи домашни и интернационални клиенти, согласно стандардите HACCP и ISO 9001:2008, поради проширување на бизнисот низ цела Македонија ја нуди следната работна позиција:
Офицер за човечки ресурси – Одговорен компанијата да биде во чекор со сите промени во Законот за работни односи и законите поврзани со работната сила, развој на политики и процедури за ЧР, редовно екипирање со таленти и одржување позитивна клима и задоволство на вработените во организацијата. Потребно искуство во регрутирање и селекција на угостителски персонал.
Ги поттикнуваме сите заинтересирани кандидати да се пријават поднесувајќи писмо за интерес и кратка биографија на [најави се за да го видиш е-маилот] , наведувајќи ја позицијата. Квалификуваните кандидати ќе бидат повикани за учество во процедурата за селекција. За дел од работните места предвидена е обука за вештини за соодветното работно место.
Слични огласи »