
За компанијата: Креди ЈЕС е финансиско друшто кое нуди решенија за микрокредитирање на физички лица со износ на кредити од 3000 до 120 000 денари. Креди ЈЕС ви нуди брзи и поволни потрошувачки кредити со флексибилни рати...
повеќе за компанијата »Credi Yes е нова, современа брзорастечка компанија во областа на микрокредитирање на физички лица во Македонија. Поради брз раст, развивање и извршување на својата дејност потребен ни е Агент во контакт центар за советување на клиенти за брзи потрошувачки кредити.
Соодветниот кандидат за оваа позиција треба да биде комуникативен, проактивен, одговорен и да поседува мулти таскинг вештини применувајќи ги преку исклучителна услуга на клиенти.
Опис на работно место:
- Презентација на производите и услугите на Credi Yes на сите постоечки и потенцијално нови корисници преку телефон
- Давање на информации на постоечките и потенцијалните корисници за услугите
- Давање техничка поддршка на корисниците
- Пополнување на барања за аплицирање за кредит
- Комуникација со корисниците по дигитален пат (web, mail, chat, social network)
- Конзистентно следење на обврските на клиентите
Квалификации:
- Релевантно искуство од најмалку 1 година на иста или слична позиција
- Одлични комуникациски и организациски способности и добри вештини за продажба
- Одлично познавање на Англиски јазик
- Одлично познавање на MS Office (Excel,Word)
- Образование: Пожелно е ВСС
- Флексибилен кандидат за работно време од понеделник до сабота
Доколку сакате да бидете дел од нашата компанија, да се развиете како професионалец, да стекнете нови знаења, вештини и способности од областа, Ве молиме испратете ни детално CV со назнака за Агент во контакт центар на нашата е-маил адреса [најави се за да го видиш е-маилот]
Слични огласи »