
За компанијата:
Најголемиот принт центар во Македонија, Polyesterday, со брзо темпо го продолжува својот раст. Тимот од стручни, посветени и способни кадри се клуч на нашето успешно работење и достигнување.
повеќе за компанијата »Најголемиот принт центар во Македонија Polyesterday, со брзо темпо го продолжува својот раст. Тимот од стручни, посветени и способни кадри се клуч на нашето успешно работење и достигнување. Ние ги сметаме своите човечки ресурси за клучен фактор во нашиот брз и одржлив развој.
Нашата печатница бара мотивиран и одговорен Оператор на машина за дигитално печатење кој ќе се приклучи на нашиот тим.
Главни одговорности:
- Прием на налози и фајлови за печатење.
- Управување и следење на машините за печатење.
- Контрола на квалитет на испечатен материјал согласно испратениот фајл.
- Одржување на машините за печатење.
Потребни квалификации:
- Средно образование (графичка или техничка насока е предност).
- Подготвеност за работа во динамична средина и во смени.
- Одговорност, прецизност и способност за тимска работа.
- Работно искуство во печатница е предност, но не е задолжително – обезбедуваме обука.
Нудиме:
- Работа во стабилна компанија со долгогодишно искуство.
- Обука и можност за професионален развој.
- Пријатна работна атмосфера и тимска поддршка.
- Колективно осигурување во случај на незгода,
- Работна униформа согласно работното место.
- Безбедни услови за работа според највисоки стандарди.
- Обезбеден превоз до работното место.
- Навремена исплата на плата, додатоци на плата – минат труд и К-15.
Заинтересираните кандидати можат да достават кратка биографија (CV) на email адресата: [најави се за да го видиш е-маилот] со наслов: “за работна позиција - Оператор на машина за дигитално печатење”.
Веб сајт:
www.print.mk
www.polyesterday.com.mk
Слични огласи »