
Менаџер на Бутик хотел / Главен рецепционер
Опис на работното место:
Нашиот бутик хотел со 21 соба бара искусен и динамичен менаџер / главен рецепционер. Оваа клучна улога вклучува управување со секојдневните операции на хотелот, обезбедување висок квалитет на услугата за нашите гости и водење на нашиот посветен тим.
Главни одговорности и обврски:
- Надгледување на секојдневното работење на хотелот и обезбедување беспрекорно искуство за гостите;
- Управување со резервации, прием и сместување на гостите;
- Координација и контрола на собите во соработка со тимот за хигиена;
- Надзор на работата на рецепционерите и собарките;
- Управување со наплата и административни задачи;
- Високо квалитетна комуникација и гостопримство;
- Решавање на проблеми и барања на гостите;
- Одговарање на телефонски повици и електронска комуникација;
- Управување со онлајн резервациони системи како BOOKING.COM и EXPEDIA.COM.
- Промовирање и продажба на услугите на хотелот, соодветно на маркетинг програмата на хотелот
Очекувани квалификации:
- Потребно искуство во управување со хотел или слична позиција;
- Завршено минимум средно образование;
- Одлично познавање на англиски јазик, дополнителен јазик ќе се смета за предност.
Потребни способности и вештини:
- Одлични компјутерски вештини, особено во MS Office;
- Високо развиена усна и писмена комуникација;
- Силни организациски способности;
- Одлични вештини во услугата кон гостите и деловно размислување;
- Продажни и преговарачки вештини;
- Мотивирана, позитивна личност со склоност кон тимска работа;
- Флексибилност за работа во смени.
Нудиме:
- Договор на неопределено време
- Конкурентна плата и можности за професионален развој
- Пријатна и динамична работна средина
- Платена храна - обезбеден оброк и пијалоци
- Можности за учење и напредување.
Како да аплицирате: Ве молиме испратете го вашето CV со фотографија на следната e-mail адреса: [најави се за да го видиш е-маилот] .
За повеќе информации јавете се на тел. 02/ 2523-523 секој работен ден од 8:30 до 16:00 часот.
Слични огласи »