ФД M Кеш Македонија ДООЕЛ Скопје е небанкарска финансиска институција, специјализирана за брзо одобрување и исплата на мали, необезбедени потрошувачки кредити.
Компанијата е дел од брзорастечката меѓународна група MFG, која располага со развиена мрежа на канцеларии на територијата на Бугарија, Украина, Романија, Полска, Чешка и Македонија.
Тимот на компанијата вклучува млади, креативни и амбициозни вработени со основна цел да развие ефикасна, динамична и модерна работна околина.
Поради проширување на активностите на компанијата, сакаме да вработиме амбициозен, снаодлив и одговорен вработен на позиција:
ОПЕРАТОР ВО КОНТАКТ ЦЕНТАР
Обврските на операторот вклучуваат:
- Одговарање на влезните повици од клиентите
- Контактирање на клиентите со цел прибирање на дополнителни податоци или документи
- Контактирање на клиентите со цел реализирање на продажни кампањи
- Грижа за клиентите
- Aдминистрирање на добиените информации во базата на податоци
Ние нудиме:
- Можност за професионален развој
- Можност за обука и зголемување на квалификациите
- Динамична работа во млад и мотивиран тим
- Добра заработувачка
Доколку сметате дека можете да одговорите на нашите барања, а ние на Вашите очекувања, Ве молиме доставете ја Вашата детална биографија со актуелна слика на нашата електронска адреса [најави се за да го видиш е-маилот] , со назначување на позицијата за која аплицирате.
Ние гарантираме доверливост на сите апликации за работа и ќе ги исконтактираме само одобрените кандидати во потесниот круг на избор.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ
Нашите барања кои операторот треба да ги поседува вклучуваат:
- Минимум средна стручна подготовка
- Добра дикција и интонација на глас
- Преговарачки вештини
- Снаодливост
- Аналитичност
- Одлична компјутерска писменост
- Тимски играч
- Ориентираност кон позитивни резултати
- Љубезност, но во исто време сигурност во настапот
Веб сајт: www.mcash.mk