ЕЛЕКТРОДИСТРИБУЦИЈА ДООЕЛ Скопје лого

ЕЛЕКТРО ИНЖЕНЕР (СПЕЦИЈАЛИСТ) - Гостивар

За компанијата: Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје е компанија чија главна дејност е дистрибуција на електрична енергија. Компанијата е дел од EVN групацијата. ЕЛЕКТРОДИСТРИБУЦИЈА вработува професионалци од различни... повеќе за компанијата »

За нас
ЕВН Електродистрибуција ДООЕЛ е компанија чија главна дејност е дистрибуција на електрична енергија во Република Македонија. Компанијата е дел од EVN групацијата, која на македонскиот пазар влезе во 2006 година . Најважна цел за ЕВН Електродистрибуција е сигурно и квалитетно снабдување на корисниците со електрична енергија.

КАРИЕРА ВО ЕВН

За потребите на Корисничкиот Енерго Центар Гостивар, Група 1 – Нови приклучоци, бараме:

ЕЛЕКТРО ИНЖЕНЕР (СПЕЦИЈАЛИСТ) во ГОСТИВАР (М/Ж)

Работни задачи:

  • Обработка на барања и поплаки од корисниците,
  • Планирање и проектирање на електроенергетски објекти,
  • Контрола и надзор на изградба/пуштање во работа на електро-енергетски објекти и приклучоци на корисниците,
  • Прием, обработка, чување и средување на документација,
  • Контрола на приклучоци и мерни места.


Потребни квалификации

  • Електро-технички факултет - Енергетика,
  • Релевантно работно искуство од минимум 2 (две) години,
  • Познавање и користење на MS Office,
  • Познавање на англиски јазик ќе се смета како предност,
  • Способност за работа во рокови,
  • Возачка дозвола,
  • Исполнителност и одговорност,
  • Флексибилност,
  • Тимска работа.

Испратете ја Вашата куса биографија и мотивационо писмо [најави се за да го видиш е-маилот] , или потполнете ја електронската апликација на нашата интернет-страница www.evn.mk најдоцна до 18.12.2018.


Напомена: Доколку сакате Вашите податоци да бидат зачувани во нашата база на податоци согласно Законот за заштита на лични податоци, покрај биографијата и мотивациското писмо треба да испратите и изјава за дозвола за користење на лични податоци за потребите за вработување.

ЕВН е компанија која нуди еднакви можности и правичен третман при вработување на сите лица без оглед на нивната раса, пол, религија, национална припадност, вид на попреченост или политичка припадност.

Вашиот успех е и наш успех, бидете дел од тимот на ЕВН Македонија!

ЕВН Македонија, Оддел за човечки ресурси и организација
www.evn.mk, [најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · забава · hr вести · hr совети · блог
барај огласи за вработување »