
За компанијата:
Skopje Marriott Hotel е луксузен хотел со 5 ѕвезди, сместен во самиот центар на Скопје, на плоштад „Македонија“. Хотелот комбинира модерен дизајн со елегантен стил и нуди врвна услуга за... повеќе за компанијата »
(преземи го огласот како PDF)
Чистење на јавните тоалети и тоалетите и тушевите за вработените. Чистење на стакло на јавните места и местата за вработените. Чистење на подовите во јавните простории или просториите за вработените, користејќи означени хемикалии, материјали и опрема. Чистење на прашина во означени простории. Празнење на кантите за отпадоци, пепелниците во соодветни контејнери. Проверка на состојбата на мебелот и доколку има настанати штети, пријавување на истите соодветно. Чистење и одржување на осветлувањето. Поставување на знак за претпазливост за да се ограничи движењето во дадена област кога е потребно. Контактирање со другите оддели кога се потребни итни поправки. Брз одговор на барањата на гостите и другите оддели. Идентификување и пријава на превентивни и други проблеми во одржувањето на јавните простории или гостинските соби.
Следење на сите политики и процедури на компанијата за безбедност; пријавување на потреба од одржување на апарати и опрема, повреда и небезбедни работни услови кај менаџерот; комплетна обука за безбедност и сертификати; правилно складирање на запаливи материјали. Осигурување дека униформата и личниот изглед се соодветни, чисти и професионални; одржување на доверливост на службени податоци и информации. Поздравување и посакување добредојде на сите гости според стандардите на компанијата; предвидување и одговорање на потребите од услуги на гостите; помагање на лицата со попреченост; заблагодарување на гостите со искрена благодарност. Зборување со другите користејќи јасен и професионален јазик. Развивање и одржување позитивни работни односи со другите; поддршка на тимот за постигнување заеднички цели. Обезбедувaње придржување до очекувањата и стандардите за квалитет. Движење, кревање, носење, туркање, влечење и поставување на предмети со тежина помала или еднаква на 23 kg без помош или повеќе но со помош. Способност да се турка и влече натоварена количка за собарки и друга опрема поврзана со работата преку навалени и нерамни површини. Посегнување над главата и под колената, вклучувајќи наведнување, вртење, влечење и поткачување. Стоење, седење или пешачење подолг временски период или цела работна смена. Фаќање, вртење и манипулирање со предмети со различна големина и тежина, за кои се потребни фини моторни вештини и координација рака-око. Вршење на други разумни работни должности кои што се побарани од претпоставените лица.
Слични огласи »