
За компанијата: Аспектус Фарма е иновативна и кооперативна компанија со висок интегритет, што и овозвожува високо квалитетно производство на лекови и воспоставување партнерства со глобалните фармацевтски компании за да...
повеќе за компанијата »АСПЕКТУС ФАРМА ДОО с.Бунарџик Илинден е Фармацевтска Компанија која е ориентирана кон високо квалитетно производство на лекови во Република Северна Македонија.
ИТ Асистент
Задолжително е пријавените кандидати да ги исполнуваат следните услови:
- Минимум ССС образование – Пожелно е електротехничка струка;
- Познавање на Англиски јазик;
- Искуството ќе се смета за предност;
- Одговорност, тимска работа, комуникативност и флексибилност.
Одговорности и работни задачи:
- Составување, поврзување и одржување на компјутери, компјутерски и телефонски мрежи;
- Сервисирање на компјутери;
- Инсталација и поддршка на вработените при користење на компјутерски програми;
- Правење резервни копии (backup) на системите.
Од кандидатите за бараната позиција се очекува да ги поседуваат следните вештини, способности и лични особини:
- Организираност и ефикасност;
- Способност за тимска работа;
- Работа со дадени рокови;
- Следење на интерните правила и процедури;
- Самоиницијативност и самокритичност.
Услови кои ги нудиме:
- Почетна нето плата од 20.000 денари, во зависност од искуството на кандидатот може да се определи повисока плата;
- Организиран превоз;
- Воведни обуки на вработените;
- Работа во една смена од 07:30 - 15:30 часот, од понеделник до петок.
Дополнителни информации:
Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите биографии можат да ги испратат на е-маил: [најави се за да го видиш е-маилот]
Слични огласи »