
За компанијата: Нептун е бренд име на компанијата Нептун Македонија ДОО Скопје, основана во 1998 година, која во 1999 година станува дел од Нептун Интернешнал и Балфин Групација - Balkan Finance Investment Group.
Нептун...
повеќе за компанијата »НЕПТУН МАКЕДОНИЈА, најголемиот регионален малопродажен ланец за техничка стока, за потребите на својот современ и модерен логистички центар во општина Илинден, има потреба од вработување на организирана, систематична и одговорна личност за позиција
АДМИНИСТРАТОР ЗА ШПЕДИЦИЈА
Успешниот кандидат треба да поседува:
- Средно или високо образование од областа логистика, транспорт и шпедиција
- Најмалку една година искуство во администрација од областа на логистика
- Солидно познавање на царински постапки и законска регулатива
- Напредно ниво на работа со компјутер (Microsoft office)
- Познавање на англиски јазик (усно и писмено)
- Способност за координирање и приоритизирање на работни задачи
- Систематичност, организираност, иницијативност и аналитичност
Одговорности и работни задачи:
- Одговорен/а за ефикасна администрација на сите процеси во службата за шпедиција, овозможувајќи навремено царинење и ослободување на производи за компанијата и за надворешни клиенти
- Изготвува калкулации за најавена трговска стока која пристигнува
- Изготвува документи за финансиски прием на трговска стока
- Вскладиштува и искладиштува трговска стока во програмот за цариснки склад
- Подготовува налози за царинење
- Пружа административна поддршка во делот на подготовка на документација за добивање на разни типови на дозволи како на пример дозволи за увоз/извоз на стока, дозволи од агенција за храна, дозволи од санитарен инспекторат, дозволи од министерсто за животна средина, агенција за електронски комуникации и слично
Што нудиме?
- Одлични услови за работа во современо опремен логистички центар (локација: нас. Илинден)
- Континуирана обука и можност за напредување
- Работно време од 08-16часот
Доколку се пронајдовте во описот и ги поседувате потребните квалификации, вештини и личен профил за успешно извршување на работните задачи, испратете ја Вашата кратка биографија на e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот] , со назнака: “Администратор за шпедиција” или директно преку веб апликацијата.
Огласот е активен до 07.11.2019 година.
Останати огласи »