
За компанијата:
ESC (Executive Search Consulting) е водечка македонска компанија во областа на консултантски услуги за човечки ресурси. Нашата цел е да ги обезбедиме најдобрите приспособени решенија за вашите потреби за човечки ресурси, без оглед на времето или интензитетот на потребниот напор.
повеќе за компанијата »Нашиот клиент Рудник Бучим бара квалификиван и мотивиран кандидат за позицијата
РАКОВОДИТЕЛ НА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ
Локација: Радовиш
За компанијата:
Бучим ДОО Радовиш, е единствениот рудник за бакар во Република Северна Македонија, кој се наоѓа во Радовиш, Југоисточна Северна Македонија. Рудникот е од отворен тип и произведува бакарен концентрат кој содржи бакар и злато. Од 2005 година, рудникот за бакар Бучим е дел од Солвеј Инвестмент Групацијата која го постави Бучим на нов пат и му обезбеди долгорочна иднина. Со 650 директно вработени, рудникот е најголемиот локален работодавец во регионот и е целосно посветен на своите социјални и еколошки одговорности.
Цел на работното место:
Гарантира ефикасно управување со човечките ресурси, развивање и спроведување на соодветни политики, процедури и системи за управување со човечките ресурси со цел да обезбеди компетентна, ефикасна и продуктивна работна сила за потребите на компанијата.
Одговорности:
- Управување и организација, развивање стратегии, планирање и спроведување политики и активности поврзани со човечкиот капитал
- Организирање и управување на нарачките за храна за вработените
- Планирање на бројот и квалитетот на вработените со цел да овозможи навремено ангажирање на кадри
- Регрутација и селекција на кадри
- Обука и развој
- Кадровска администрација и надоместоци
- Анализи, следење перформанси, информации, прегледи и извештаи
- Интерна соработка со сите сектори во друштвото за да ги оптимизира резултатите во областа на човечките ресурси
- Буџетирање и трошоци
- Следење на Законска регулатива, креирање и спроведување на ефикасни политики и процедури во областа човечки ресурси
- Координација и управување со луѓе
- Управување со документација
- Учество во проекти
- Други задачи по налог на претпоставениот
Барања:
- Високо образование
- Од 3-5 години работно искуство. Пожелно е раководно искуство во областа на човечки ресурси од најмалку 2 години
- Одлично познавање на MS Office (Word, Excel, PowerPoint, Outlook)
- Способност за работа со интернет и е-пошта на високо ниво
- Вештини за користење на софтвер за управување со човечки ресурси (HRIS) и системи за управување со перформанси
- Познавање на деловен Англиски јазик
- Возачка дозвола, Б категорија
Понуда:
- Конкурентна понуда, покриени трошоци за превоз
Доколку сте заинтересирани за оваа позиција, испратете го вашето CV преку линкот. Во насловот на пораката наведете: Раководител на човечки ресурси.
Сите апликации ќе бидат третирани со строга доверливост. Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани за понатамошни интервјуа. За дополнителни прашања, слободно јавете се во Executive Search Consulting на (02) 2700-425.
Со аплицирање на оваа позиција, ни давате дозвола да го чуваме вашето CV и лични информации во нашата база на кандидати во период од една година, со можност да ве контактираме за релевантни позиции. Доколку не сакате вашето CV да се чува во нашата база, ве молиме наведете го тоа во вашата е-пошта.
Слични огласи »