
За компанијата: Нептун е бренд име на компанијата Нептун Македонија ДОО Скопје, основана во 1998 година, која во 1999 година станува дел од Нептун Интернешнал и Балфин Групација - Balkan Finance Investment Group.
Нептун...
повеќе за компанијата »Биди дел од нашиот тим
позиција: БРЕНД МАРКЕТИНГ СПЕЦИЈАЛИСТ
локација: Скопје активен до: 05/11/2023
Нептун е во потрага по квалификуван, мотивиран, харизматичен, вреден и амбициозен Бренд Маркетинг експерт, кој ќе работи на креирање и имплементација на маркетинг програми, за поддршка на растот и експанзијата на производите и услугите на компанијата. Во тесна соработка со продукт-менаџмент тимот и во директна комуникација со вендорите, ќе предложува, планира и имплементира маркетинг иницијативи. Анализира и следи податоци поврзани со успехот на маркетинг кампањите и ги користи податоците за да предвиди нови можности.
Идеалниот кандидат има претходно искуство со широк спектар на маркетинг функции, вклучувајќи комуникации, дигитален маркетинг и социјални медиуми, традиционален маркетинг, рекламирање и брендирање. Креира буџети за маркетинг активности. Подготвува медиа план и следи негова реализација со посебен акцент на онлајн маркетинг активности (Facebook, GDN, YouTube, локални портали).
Бренд Маркетинг специјалистот мора да биде организиран и способен да управува со повеќе различни проекти одеднаш и да ги исполнува задачите во зададените рокови.
Вештини и квалификации:
- Универзитетско образование од областа на маркетинг, комуникации, адвертајзинг
- Минимум 2 години искуство на слична позиција
- Одлично познавање на англиски јазик (пишан и говорен) и MS Office програмите
- Искуство со менаџирање Социјални медиуми, Google AdWords, Google Analytics, Media buying, E-mail, Mobile, Viber огласување, ТВ и радио кампањи, менаџирање содржини
- Исклучителни вештини за пишување, storytelling, интерперсонална комуникација
- Искуство во спроведување истражувања со користење на софтвер за анализа на податоци
- Аналитички ум и способност за критичко размислување
- Креативна, самоуверена и динамична личност
Нашата компанија нуди:
- Култура на почит, отвореност, взаемно помагање и тимска работа
- Работа со тим на професионалци
- Можност за развој и напредување
- Работно време: понеделник-петок; 7:30/08:30 – 15:30/16:30часот
Доколку маркетингот е твоја определба и поседуваш желба, страст, креативност, добра организираност, вештини за анализирање метрики, имаш одлична комуникација и презентација, те покануваме да аплицираш и да станеш дел од нашиот успешен и креативен маркетинг тим!
Слични огласи »