Новомак е специјализирана компанија со долгогодишно искуство во продажба на репроматеријали, оков и решенија за изработка на мебел, како и услуги за обработка на плочести материјали. Преку соработка со реномирани европски брендови, современа технологија и постојано усовршување на вработените, градиме организација посветена на квалитет, професионалност и долгорочна соработка со клиентите.
Во насока на понатамошен развој и зајакнување на нашиот тим, бараме мотивирана, одговорна и комуникативна личност за работната позиција:
ПРОДАЖЕН ПЕРСОНАЛ - ИЗРАБОТКА НА КРОЈНИ ШЕМИ
Опис на работното место:
- Изработка на кројни шеми за мебел според димензии, спецификации и барања на клиентите
- Подготовка и внесување на техничка документација и податоци за материјалите во соодветниот софтвер
- Комуникација и советување на клиенти за можностите и услугите за обработка на материјали (кроење, кантирање, CNC обработка, фарбање)
- Оптимизација на кројните шеми и ефикасно искористување на материјалите
- Учество во планирањето и координацијата на нарачките со производствениот погон
Потребни квалификации:
- Завршено средно или високо образование од техничка насока (машинство, дрвна индустрија или сродна област)
- Познавање на софтвер за техничко цртање и изработка на кројни шеми (AutoCAD, Corpus или слични програми)
- Основно познавање на принципите на материјално работење во ERP-систем
- Претходно работно искуство на иста или слична позиција ќе се смета за предност
- Развиени комуникациски способности и ориентираност кон потребите на клиентите
Личен профил:
- Организираност, прецизност и одговорност во извршувањето на работните задачи
- Самоиницијативност и посветеност на работата
- Способност за тимска работа и соработка со различни сектори
- Флексибилност и способност за работа во динамична средина
- Подготвеност за учење и професионално усовршување
Нудиме:
- Работа во стабилна компанија со современа организација и технологија
- Пријатна и професионална работна средина
- Можност за стекнување нови знаења и професионален развој
- Соработка со искусен продажен и производствено-технички тим
Кандидатите треба да ги исполнуваат општите услови предвидени со законите на Република Северна Македонија.
Вашата биографија испратете ја преку копчето Аплицирај.