Новомак е специјализирана компанија со долгогодишно искуство во продажба на репроматеријали, оков и решенија за изработка на мебел, како и услуги за обработка на плочести материјали. Преку соработка со реномирани европски брендови, современа технологија и постојано усовршување на вработените, градиме организација посветена на квалитет, професионалност и долгорочна соработка со клиентите.
Во насока на понатамошен развој и зајакнување на нашиот продажен тим, бараме мотивирани, одговорни и комуникативни личности за работната позиција:
ПРОДАЖЕН АСИСТЕНТ ВО САЛОН
Опис на работното место:
- Активна продажба и професионално советување на клиентите во продажниот салон
- Презентирање на производите, нивните карактеристики, функционалности и можности за примена
- Препознавање на потребите на клиентите и предлагање соодветни производи и решенија
- Подготовка на понуди и обработка на продажни нарачки во соодветниот софтвер
- Грижа за уредноста, организацијата и презентацијата на производите во изложбениот простор
- Следење на расположливоста на производите и ажурирање на податоците поврзани со продажбата
- Учество во реализација на продажни и промотивни активности
Потребни квалификации:
- Завршено најмалку средно образование (ССС)
- Претходно работно искуство во продажба ќе се смета за предност, но не е задолжително
- Развиени комуникациски и продажни вештини
- Основно познавање на работа со компјутер (MS Office)
- Познавање на работа со ERP-систем ќе се смета за предност
Личен профил:
- Љубезност, професионалност и позитивен пристап во комуникацијата
- Организираност, одговорност и посветеност на работните задачи
- Самоиницијативност и ориентираност кон постигнување резултати
- Способност за тимска работа и соработка со различни сектори
- Флексибилност и способност за работа во динамична средина
- Подготвеност за учење и професионално усовршување
Нудиме:
- Работа во стабилна компанија со современа организација и технологија
- Пријатна и професионална работна средина
- Обука и континуирана поддршка за стекнување нови знаења
- Соработка со искусен и посветен продажен тим
Кандидатите треба да ги исполнуваат општите услови предвидени со законите на Република Северна Македонија.
Вашата биографија испратете ја преку копчето Аплицирај.