Комерцијалист за продажба на моторни масла и мазива – totalenergies

Објавенпред 3 часа
Активен до07.11.2026
ПозицијаКомерцијалист/Агент
ЛокацијаСкопје
Телефон02 3111000
Веб-страницаhttps://www.euroimpex.com.mk
За компанијата

Eуроимпекс ДОО е првата приватна компанија од автомобисла индустрија, основана 1990 година на Македонскиот пазар. За овие 30 години успешно стопанисување, остваривме одличен развој благодарејќи на компаниската... Повеќе за компанијата »

Опис на огласот

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Комерцијалист за продажба на моторни масла и мазива – totalenergies

Како овластен увозник и дистрибутер на производите на TotalEnergies, бараме мотивирана, амбициозна и одговорна личност за позицијата „Комерцијалист за продажба на моторни масла и мазива“.

Што очекуваме:

  • Високо образование – машински или технолошки факултет.
  • Комуникациски, презентациски и преговарачки способности.
  • Иницијативност, одговорност и ориентираност кон продажни резултати.
  • Подготвеност за теренска работа и проширување на продажната мрежа.
  • Возачка дозвола Б-категорија.
  • Искуство во продажба е предност.

Што ќе работите:

  • Продажба и промоција на производите на TotalEnergies.
  • Привлекување нови и одржување на постојните клиенти.
  • Техничко советување и препорака на соодветни производи.
  • Следење на конкуренцијата и идентификување нови пазарни можности.
  • Реализација на продажните планови и следење на наплатата.

Што нудиме:

  • Работа во компанија со традиција и со реномиран меѓународен бренд.
  • Специјализирани технички и комерцијални обуки.
  • Можност за развој и напредување.
  • Конкурентни услови и стимулација според остварените резултати.

Вашата биографија испратете ја преку копчето Аплицирај подолу или на е-маил: [најави се за да го видиш е-маилот]

Контактирани ќе бидат само кандидати од потесниот избор.

Накратко за нас:

Со 36 годишна традиција, Еуроимпекс е првата компанија во Македонија од областа на автомобилизмот. Во 5 држави во регионот ги застапуваме брендовите Peugeot и Opel, а од неодамна го застапуваме и автомобилскиот бренд Changan во Македонија. Зад нас имаме испишано 30 годишна историја, како генерален застапник за моторните масла TotalEnergies во Македонија, а исто така сме генерални увозници и на реноминари брендови за професионален и рачен алат: Milwaukee, Bacho и Irimo.

Аплицирај за огласот

KARIERA.mk
Провери ја поштата по аплицирањето за потврда.

Слични огласи за работа

Повеќе

Едукација и обуки

Повеќе