Оператор на CNC машина

Објавенпред еден ден
Активен до13.11.2026
ПозицијаОператор во производство/машина
ЛокацијаСкопје
Телефон02/2461-664
Веб-страницаnovomak.mk
За компанијата

Новомак, од скромните почетоци во 2006 година, со напорна работа и истрајност, постојано го зголемува обемот на своите деловни активности, паралелно со зголемување на деловните капацитети, како и бројот... Повеќе за компанијата »

Опис на огласот

Новомак е специјализирана компанија со долгогодишно искуство во продажба на репроматеријали, оков и решенија за изработка на мебел, како и услуги за обработка на плочести материјали. Преку соработка со реномирани европски брендови, современа технологија и постојано усовршување на вработените, градиме организација посветена на квалитет, професионалност и долгорочна соработка со клиентите.

Во насока на понатамошен развој и зајакнување на нашиот производствено-технички тим, бараме мотивирана, одговорна и посветена личност за работната позиција:

ОПЕРАТОР НА CNC МАШИНА ЗА ОБРАБОТКА НА ПЛОЧЕСТИ МАТЕРИЈАЛИ

Опис на работното место:

  • Управување и работа со CNC машина за обработка на плочести материјали
  • Подготовка, поставување и прилагодување на машината согласно техничката документација и работните налози
  • Читање и примена на технички цртежи и спецификации
  • Подготовка и проверка на програмите за CNC обработка
  • Следење и контрола на процесот на обработка, со цел обезбедување точност и квалитет на изработените елементи
  • Контрола на димензиите и квалитетот на обработените материјали
  • Грижа за правилно користење, одржување и исправност на машината и работната опрема
  • Соработка со производствено-техничкиот тим за оптимизација на процесите и ефикасно искористување на материјалите
  • Почитување на работните процедури и правилата за безбедност при работа

Потребни квалификации:

  • Завршено средно или високо образование од техничка насока (машинство, дрвна индустрија или сродна област)
  • Одлично познавање и работа со AutoCAD
  • Познавање на работа со компјутер
  • Способност за читање и разбирање технички цртежи и документација
  • Претходно работно искуство на иста или слична позиција ќе се смета за предност

Личен профил:

  • Организираност, прецизност и одговорност во извршувањето на работните задачи
  • Темелност и посветеност на квалитетот на изработката
  • Самоиницијативност и проактивен пристап кон решавањето на работните предизвици
  • Способност за тимска работа и соработка со различни сектори
  • Професионален и одговорен однос кон работата и работната опрема
  • Флексибилност и способност за ефикасна работа во динамична средина и во услови на кратки рокови
  • Подготвеност за учење и професионално усовршување

Нудиме:

  • Работа во стабилна компанија со современа организација и технологија
  • Пријатна и професионална работна средина
  • Работа со современи машини и опрема за обработка на плочести материјали
  • Обука и континуирана поддршка за стекнување нови знаења
  • Можност за професионален развој и усовршување
  • Соработка со искусен производствено-технички тим

Кандидатите треба да ги исполнуваат општите услови предвидени со законите на Република Северна Македонија.

Вашата биографија испратете ја преку копчето Аплицирај.

Аплицирај за огласот

KARIERA.mk
Провери ја поштата по аплицирањето за потврда.

Слични огласи за работа

Повеќе

Едукација и обуки

Повеќе