
За компанијата: Од 1994 година ДУНА е водечка команија присутна во бизнис секојдневието во Македонија. Со канцеларии и во Албанија и Србија. Со успешни проекти и во Косово. Посветено работиме на нашата мисија која започна...
повеќе за компанијата »(преземи го огласот како слика)

ДУНА е компанија која веќе трета деценија успешно ги пресретнува потребите на бизнисите и на корисниците и пласира IT решенија и идеи на пазарите во три земји. Воедно е и компанија посветена на креирање корпоративна култура која успешно умее да предизвика кај вработенте ентузијазам за работа, креативност и желба за постигнување успеси.
Тој тим има потреба да се прошири со:
Software Test Specialist
Потребни квалификации:
- Динамична и позитивна личност,
- Поседува деловна етика и лојалност,
- Спремен за успеси,
- Умее и сака да работи во тим,
- Почитува рокови и процедури,
- Спремен за лична и корпоративна континуирана надградба,
- Има солидни презентерски способности,
- Има соодветно формално или неформално образование за позицијата,
- Има искуство во креирање на тест сценарија за тестирање софтвер,
- Постојано ги следи трендовите во областа во која работи и има интерес за постојана надградба,
- Има работено на иста или слична позиција најмалку 2 години,
- Успешно комуницира на англиски (и друг странски јазик).
Работни обврски:
- Тестирање на софтверските решенија кои се производ на ДУНА,
- Тестира во различни тест околини,
- Софтверските решенија ги тестира од аспект на перформанси на решението, функционално тестирање, тестира приспособливост,
- Креира тест сценарија за сите софтверски решенија поединечно во зависност со потребите на софтверот,
- Одговорен е за чување и архивирање на нови верзии на сите софтверски решенија,
- Одговорен е за навремено откривање недостатоци и изготвување на извештаи за тестирани решенија,
- Комуницира со секторот – развој и со секторот – имплементација,
- Умее да ги разбере целите на проектите за кои се наменти софтверските решенија,
- Има одлично познавање на развојниот процес на софтверот,
- Совршено го познава деловниот пристап на ДУНА,
- Го штити угледот на комапнијата и ги почитува интерните политики и корпоративна култура.
Software Test Specialist во ДУНА работи како дел од динамичен и просперитетен тим, обезбедени му се врвни услови за работа и има можнот за постојан личен и професионален развој и напредок.
Контактирајте преку достава на вашете CV на маил: [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака „Software Test Specialist“.
Останати огласи »