Mellon Solutions Dooel лого

Телефонски оператори - полно работно време

За компанијата:

Mellon Solutions Dooel дел од Mellon Групацијата, е основана во Скопје во 2003 година и претставува двигател на дигиталната модернизација во финансискиот сектор. Компанијата обезбедува напредни решенија... повеќе за компанијата »

(преземи го огласот како слика)

Mellon Group е водечка грчка мултинационална групација која нуди специјализирани решенија и услуги со цел да ги задоволи барањата на финансиските институции и другите организации чиј бизнис е насочен кон големи групи на клиенти. Mellon Group е со седиште во Атина, Грција и моментално брои преку 8.000 вработени во 11 земји.

Мелон Солушнс Дооел, како дел од Mellon Group, продолжува со успешната соработка со Македонски Телеком АД Скопје и со цел зголемување на продажниот тим има потреба од:

Телефонски оператори – полно работно време

Профил на работната позиција:

  • Телефонска комуникација со постоечки и потенцијални клиенти преку влезни повици;
  • Активна телефонска продажба на производи и услуги од портфолиото на Македонски Телеком АД Скопје;
  • Повремено обезбедување на техничка поддршка за корисници;
  • Високо квалитетна услуга преку следење на специфични процедури за работа.

Профил на кандидатот:

  • Завршено минимум средно образование;
  • Основно познавање на MS Office;
  • Одлични комуникациски вештини, eлоквентност и дикција;
  • Познавање на албански јазик ќе се смета за предност;
  • Општи познавања од областа на техничката опрема, телефони, искуство во техничка поддршка или во контакт центар ќе се сметаат за предност.

Услови:

  • Полно работно време – 40 часа неделно;
  • Работната позиција подразбира работа од канцеларија;
  • Право на бонус согласно постигнати резултати.

Изборот ќе се изврши согласно условите и роковите предвидени во Законот за работни односи. Мелон Солушнс Дооел го задржува правото да не избере ниту еден кандидат.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »