
За компанијата: Предизвиците во областа на човечките ресурси не се само наша секојдневна работа, туку се и наша страст. Нашето знаење и експертиза ни дозволуваат да имаме уникатен пристап кон секоја задача. Нашите клиенти...
повеќе за компанијата »Во име на нашиот клиент- ОКТА АД- Скопје, дел од Групацијата Хеленик Петролеум и најголем снабдувач на горива во земјата, кој нуди врвни иновативни и конкурентни енергетски производи и услуги, пионер во промовирање на одржлив развој и енергетска транзиција, ДЕКРА ја огласува позицијата:
ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО
- Грижа за непрекинато и за континуирано функционирање на системот; решавање проблеми, интервенции;
- Комуникација со сите корисници, утврдување на нивните недостатоци и потреби во нивната секојдневна работа;
- Комуникација со надворешни соработници;
- Креирање на мрежна инфраструктура и корисници, контрола на пристапот на корисниците на податоци и управување со непотребна безбедна мрежа;
- Асистирање при креирање на ERP решенија и давање совети / контрола за одредени пристапи за корисниците;
- Имплементирање, тестирање на нова работна опрема, како и нови програми;
- Преглед, контрола и известување за сите телекомуникациски услуги и сервиси во компанијата;
- Имплементација на ИТ политики и развој на нови;
- Работа на проекти со дефинирани рокови и ресурси;
- Планирање на времето и категоризирање на приоритетите за извршување на задачите во тимот;
- Извршување други задачи во доменот на стручната квалификација.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ
- ВСС – Факултет за информатички науки (ФИНКИ, ФЕИТ или друг сличен факултет);
- Најмалку 5 години релевантно работно искуство на слични работни позиции;
- Работење со SQL бази на податоци;
- Познавање на програмирање во различни бази на податоци;
- Работење со ERP процеси;
- Конфигурирање на мрежна опрема CISCO или HP (switches, routers, FO…);
- Познавање на мрежни принтер апарати.
СЕРТИФИКАТИ
- Поседување сертификат за работа со SQL бази на податоци ќе се смета за предност;
- Поседување сертификат за кон фигурирање на мрежна опрема CISCO или HP (switches,routers, FO…) ќе се смета за предност.
ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ
- Работење со MS Office;
- Искуство во администрација на SAP ќе се смета за предност;
- Возачка дозвола, Б-категорија;
- Одлично познавање англискијазик;
- Одлични организациски и аналитички способности;
- Добри комуникациски вештини;
- Мобилност и флексибилност;
- Ориентираност кон тимска работа;
- Работа со кратки рокови;
- Посветеност, мотивираност, иницијативност, одговорност, доверливост.
ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
Клиентот нуди можност за континуирано учење и професионално надоградување.
Доколку сте заинтересирани за отворената работна позиција, своите професионални биографии можете да ги испратите на: [најави се за да го видиш е-маилот] .
Крајниот рок за аплицирање е : 20/12/2020
Само кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови ќе бидат повикани на интервју.
Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.
*Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.
Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: [најави се за да го видиш е-маилот]
Останати огласи »