
За компанијата:
СЕТЕК сé од техника е лидер во областа на ИТ, аудио, видео и бела техника кој на македонскиот пазар е присутен 33 години. СЕТЕК сé од техника ја поседува најголемата дистрибутивна... повеќе за компанијата »
Поради потреба од нов кадар во Скопје, СЕТЕК СЕ ОД ТЕХНИКА ДОО Скопје распишува конкурс за работа: Оператор во контакт центар во Скопје
Ве покануваме да станете дел на нашиот професионален тим.
Локација: Ул. 1523 БР. 1, Горно Лисиче, Дирекција на СЕТЕК Се од Техника ДОО Скопје
Потребни квалификации:
- ВСС/ССС
- Пожелно е претходно работно искуство
- Работно користење на компјутер – MS office
- Познавање на англиски јазик
- Познавање на албански јазик ќе го сметаме за предност
Потребни способности и вештини:
- Одлични комуникациски способности
- Ориентираност кон рокови и способност за извршување на повеќе активности истовремено
- Флексибилност за индивидуална и тимска работа, љубезност, снаодливост, комуникативност со голем праг на толеранција и способност да се снајде во разни ситуации.
Одговорности и задачи:
- Грижа за корисниците и одговарање на нивните барања поврзани со нашите услуги и производи
- Решавање на технички проблеми и сервисни процедури
- Решавање на поплаки на корисници преку телефон, имејл и социјални медиуми
- Давање информации за нашите понуди и промоции со цел задоволување на поребите на корисниците
Ние нудиме:
- Платена обука и менторирање од колега со долгогодишно искуство
- Работа во динамична и пријатна канцелариска атмосфера во која се негува почит, отвореност, взаемно помагање и тимска работа
- Работата се одвива во две смени
Ги охрабруваме сите заинтересирани кандидати да го достават своето CV на е-пошта [најави се за да го видиш е-маилот] со наслов на огласот “Контакт центар”.
Слични огласи »