Executive Search Consulting лого

КОМЕРЦИЈАЛНО – СТРУЧЕН СОРАБОТНИК

За компанијата:

ESC (Executive Search Consulting) е водечка македонска компанија во областа на консултантски услуги за човечки ресурси. Нашата цел е да ги обезбедиме најдобрите приспособени решенија за вашите потреби за човечки ресурси, без оглед на времето или интензитетот на потребниот напор.

повеќе за компанијата »

Нашиот клиент Par Pak е српска компанија која се занимава со производство на додатоци во исхрана, витамини и минерали, како и со нивна продажба на домашниот и странскиот пазар.
Диететските додатоци MaxMedica претставуваат главна производна линија на компанијата (www.max-medica.com). По повеќе од една деценија на српскиот пазар, овие додатоци за храна без глутен ја стекнаа довербата на голем број корисници. Диететските додатоци MaxMedica веќе две години се присутни на пазарот во Македонија. За ширење на тимот во Македонија се огласува отворена работна позиција за:

 

КОМЕРЦИЈАЛНО – СТРУЧЕН СОРАБОТНИК

 

Одговорности и обврски на работната позиција:

  • Промоција на препаратите и континуирана комуникација со лекари, преку нивна директна посета
  • Договарање на прометот на сите или поединечни препарати од портфолиото на Max Medica, во склад со однапред дефинираниот план за продажба за конкретно правно лице – аптека и/или ланец на аптеки според одредена месечна, квартална или годишна динамика
  • Почитување и работа според планот за обиколување на теренот, бројот на клиенти, динамиката, фрекфенцијата на посети, планот за промотивни активности (месечни, квартални, годишни)
  • Презентација и учество на стручни конференции, конгреси и други собири на лекари кои се организирани поради едукација, усовршување и размена на стручни информации во стручната јавност

Барања:

  • Продажно искуство
  • Пожелно е искуство од 2-3 години работа на терен во фармацевтската индустријата
  • Високо/вишо образование, академско образование во областа на фармација, стоматологија или медицина би било пожелно, но не е задолжително
  • Клиентски ориентирана личност со развиени комуникациски, презeнтациски и продажни вештини
  • Флексибилност за патување, возачка дозвола Б категорија

Понуда:

  • Конкурентна месечна плата и варијабилен дел за остварување на таргети
  • Можности за понатамошен професионален развој

 

Доколку ги исполнувате условите и верувате дека сте вистинската личност за наведената работна позиција, испратете кратка биографија на [најави се за да го видиш е-маилот] најдоцна до 05/05/2019 со назнака Комерцијално – стручен соработник. Сите пријави ќе бидат третирани со строга доверливост. Избраните кандидати ќе бидат контактирани за понатамошно интервју.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Останати огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · забава · hr вести · hr совети · блог
барај огласи за вработување »