
За компанијата:
Вдл Ван Хоол Македонија Дооел Илинден, белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2, во Бунарџик/Илинден, контакт тел.бр. (02) 551-2851
повеќе за компанијата »ОПИС НА КОМПАНИЈАТА:
Van Hool е реномиран производител на автобуси и комерцијални возила од Белгија. Van Hool е најголем независен производител на автобуси во Европа со над 4,000 вработени. Повеќе од 70 години Van Hool е препознаен по својот оригинален, динамичен и прилагоден кон клиентот дизајн, како и по високиот квалитет и современите технолошки решенија.
За растечките потреби на нашиот производен капацитет Ван Хоол Македонија, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје2, во Бунарџик/Илинден отвораме нови работни места за следниве позиции:
РАБОТНА ПОЗИЦИЈА: АСИСТЕНТ ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ
РАБОТНИ ЗАДАЧИ:
- Администрирање и ажурирање на целокупната персонална документација;
- Собирање и сумирање на информации за работно време (евидентирање);
- Корекција на несовпаѓања со евиденција на работно време;
- Асистирање во подготовка на плата (прекувремена работа, боледување, одмори, платено отсуство, задршки и доплати);
- Процесирање на дополнителни податоци поврзани со исплата – задршки од плата, внатрешни казни, корекции на плата, банкарски сметки, престанок на работни односи, неплатени отсутства;
- Координира точност и дистрибуција на платни списоци;
- Изработка на решенија за годишен одмор и останати решенија и потврди за вработени;
- Други работни задачи доделени од работодавачот.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
- ВСС;
- Познавање на работа со компјутер и искуство со информациони системи од областа на човечките ресурси;
- Одлично познавање на Microsoft Office пакет;
- Напредно познавање на англиски јазик;
- Одлични комуникациски способности;
- Поседување на возачка дозвола - Б категорија.
ШТО НУДИМЕ:
- Конкурентни месечни примања
- Регрес за годишен одмор од 23.100 денари
- 24/7 дополнително осигурување од незгода
- Бесплатен топол оброк со избор на повеќе менија во кантина со ресторански стандард
- Обезбеден превоз до/од работното место
- Работа од понеделник до петок од 08:00 – 16:00 часот, 40 часа неделно
- Работна околина според највисоки европски норми за безбедност и здравје при работа
- “Купи со попуст” - одобрени попусти за вработени во одредени продажни места
Доколку сте заинтересирани испратете го Вашето CV (работна биографија) на англиски или на македонски јазик на www.vanhool.mk, во делот “отворени работни места”.
Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на разговор.
Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци.
Слични огласи »