Пурпласт МК ДОО лого

ВОДАЧ НА СМЕНА ВО ПРОИЗВОДСТВО / PRODUCTION SHIFT LEADER

За компанијата: Компанијата Пурпласт се наоѓа во ТИРЗ Скопје 2 - Бунарџик и работи во автомобилската индустрија, а своите производи ги извезува во 36 земји во светот. Во индустрискиот капацитет во ТИРЗ Скопје 2, Пурпласт произведува пластични компоненти за компании кои произведуваат автобуси и камиони. повеќе за компанијата »

ВОДАЧ НА СМЕНА ВО ПРОИЗВОДСТВО (3 SHIFT LEADERS)

 

Работни задачи:

  • Организација и поддршка на производствениот тим во смени
  • Одговорен за тим лидерите
  • Следење и оптимизирање на квалитетот, роковите, трошоците, продуктивноста
  • Обезбедување следење на упатствата за работа и процеси од страна на вработените
  • Подобрување на техничките и организациските процеси во производството во координација со менаџерите и другите оддели
  • Помагање при планирањето и адаптирањето на производствените ресурси во согласност со логистичките барања
  • Следење на техничките и организациските стандарди за процесот за време на смената во производството

Потребни услови:

 

  • Најмалку 3 години докажано искуство во управување со производствени процеси и луѓе во производствен погон
  • Способност за управување со луѓе во 2 смени
  • Одлични меѓучовечки вештини
  • Самоуверена личност, со многу волја и мотивација

Општи барања:

  • Универзитетска диплома (инженерство/електро или слично)
  • Течно познавање на англиски јазик
  • Компјутерски вештини на професионално корисничко ниво (MS Office)
  • Организациски и плански вештини
  • Тимски играч

Што нудиме:

  • Работа во безбедна и здрава околина со почитување на сите норми за безбедност и здравје при работа;
  • Компетитивни месечни примања на пазарот на труд во РСМ;
  • Обезбеден автобуски превоз до работното место и назад;
  • Обезбедена исхрана во современа кантина;

Доколку сте заинтересирани аплицирајте на  [најави се за да го видиш е-маилот]

Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на разговор.

Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати.

Компанијата Пурпласт се наоѓа во ТИРЗ Скопје 2 - Бунарџик и работи во автомобилската индустрија, а своите производи ги извезува во 36 земји во светот. Во индустрискиот капацитет во ТИРЗ Скопје 2, Пурпласт произведува пластични компоненти за компании кои произведуваат автобуси и камиони.

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »