
За компанијата: За нас
Друштвото за обезбедување на лица и имот НИКОБ ДОО експорт-импорт Скопје е основана во 1995 година во Скопје и е првата компанија за обезбедување во Македонија која е судски регистрирана. Лојалноста,...
повеќе за компанијата »Поради проширување на својот тим ПЗУ НИКОБ МЕДИКАЛ Скопје објавува
оглас за вработување на:
МРЕЖЕН/СИСТЕМ АДМИНИСТРАТОР во ИТ
1.Основни должности:
- Независно обезбедување на help-desk и техничка поддршка на корисниците
- Мониторинг за да се обезбеди достапност на мрежата за сите корисници на системот
- Анализа и решавање на проблеми кои се поврзани со крајните корисници и системот, со алатки на далечина или директно на оддалечени локации,
- Решавање на проблеми по пријава од корисници или по пријава од автоматскиот систем за мониторинг
- Извршување на потребните надградби и поправки на мрежниот и компјутерскиот хардвер и софтвер
- Одржување на безбедноста на мрежниот и компјутерскиот систем и проверка дали сите системи функционираат правилно
- Инсталација и конфигурација на мрежниот и компјутерскиот хардвер и софтвер
- Инсталација и поставување на компјутерски и мрежен хардвер во подружниците на компанијата
- Креирање на нови корисници во системот и доделување и ажурирање на безбедносен пристап на системот
- Обука на останати корисници за правилна употреба на хардверот и софтверот
- Управување и подршка на компаниската инфраструктура
2. Потребни квалификации:
- Завршено ВСС образование се смета за предност
- Претходно работно искуство
3. Компанијата нуди:
- Динамична работна средина
- Редовни месечни примања
- Постојани обуки, тренинг и можност за напредок во кариерата
Ако во горенаведеното работно место препознавате предизвик за својата кариера и ги исполнувате бараните услови, Ве молиме испратете ја вашата биографија на следниот e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот]
Слични огласи »