КРЕДИ ЈЕС ДОО Скопје лого

Агент за контрола на квалитет

За компанијата:

Креди ЈЕС е финансиско друшто кое нуди решенија за микрокредитирање на физички лица со износ на кредити од 3000 до 120 000 денари. Креди ЈЕС ви нуди брзи и поволни потрошувачки кредити со флексибилни... повеќе за компанијата »

 

Credi Yes е современа брзорастечка компанија во областа на микрокредитирање на физички лица во Македонија. Поради брз раст, развивање и извршување на својата дејност потребен ни е Агент за контрола на квалитет за тековно следење и анализирање на целокупното искуство на клиентот на секој чекор од комуникација и интеракција со нашиот бренд.

Опис на работно место:

• Следење на искуствата на клиентите преку онлајн и офлајн канали

• Идентификување на потребите на клиентите и преземање проактивни чекори за одржување на позитивни искуства

• Евидентирање на технички проблеми, комплименти и поплаки од клиентите

• Соработка со тимовите за маркетинг и продажба за подобрување на услугите на клиентите и зголемување на свесноста за брендот

• Анализирање на повратните информации од клиентите и подготовка на извештаи

Квалификации:

• Релевантно искуство од најмалку 1 година на иста или слична позиција

• Одлични комуникациски и организациски способности и добри вештини за продажба

• Одлично познавање на Англиски јазик

• Одлично познавање на MS Office (Excel,Word)

• Образование: Пожелно е ВСС

• Флексибилен кандидат за работно време од понеделник до сабота

Компанијата нуди:

• Корпоративна обука во согласнот со најдобрите практики од оваа област

• Конкурентска фиксна плата, бонуси засновани од постигнати резултати, договор за вработување,

• Можност за брзо напредување во рамките на компанијата

 

Доколку сакате да бидете дел од нашата компанија, да се развиете како професионалец, да стекнете нови знаења, вештини и способности од областа, Ве молиме испратете ни детално CV со назнака за Агент за контрола на квалитет на нашата е-маил адреса  [најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »