
За компанијата: Компанијата ОзонАир е докажан глобален партнер и соработник на многу компании во Македонија како и целиот свет. Главниот фокус е модерен дизајн и технологијата што се применува во производството на единици...
повеќе за компанијата »Oгласуваме слободно работно место на позицијата: МАШИНСКИ ИНЖЕНЕР ЗА ИЗРАБОТКА НА ПОНУДИ И РЕШЕНИЈА.
Озон има потреба од машински инженер, кој ќе му се придружи на нашиот тим во Скопје. Кандидатот ќе биде одговорен за изработка на решенија, креирање понуди и вршење продажба на системи и опрема за климатизација, ладење, греење, вентилација и дргуи производи.
Потребно е да се исполнат следниве услови за да се конкурира:
-
Завршен Машински Факултет - насока Термотехника ќе се смета за предност
-
Претходно работно искуство не е предуслов, но ќе се смета за предност
-
Доколку кандидатот поседува овластување Б или А ќе се смета за предност
-
Познавање програми за 2Д и 3Д цртање – “Autocad MEP” и слични
-
Познавање програми за работа на компјутер – “excel, word” и други
-
Солидно познавање англиски или германски јазик
-
Возачка дозвола Б категорија
-
Да поседува вештини за комуникација, позитивен однос кон околината, грижа кон луѓето и одговорност кон работата
За следниве работни задачи
-
Фреквентна и континуирана комуникација со купувачи и водење записи
-
Исполнување месечни и годишни планови за продажба
-
Достапност кон претпоставените и купувачите во секое време
-
Изработка на решенија, избор на опрема и креирање понуди према купувачи во најкратко време
-
Одговорен и посветен однос кон работата, спремност за завршување на задачите во краток временски рок, во смени и во различни денови од неделата
-
Комплетирање документација за проекти, опрема и производи согласно со барани прописи и технички стандарди
-
Организација и архивирање документација за тековната работа
-
Изработка на извештаи, маркетиншки материјали, кампањи за продажба
-
Примена и реализација на современи решенија и технологии
Се добиваат следниве услови за работа
-
Редовни примања
-
Можност за обука и стекнување нови знаења
-
Можност за посета и учество на саеми и други стручни надградувања
-
Возило и мобилен телефон за извршување на службените задачи
-
Награди за квалитетно извршување на работните задачи
-
Исплата на регрес за годишен одмор согласно со условите за стекнување
-
Можност за остварување новогодишен или друг надоместок
Доколку сте заинтересирани испратете ги вашата биографија и писмо за мотивација на Македонски јазик на адреса: [најави се за да го видиш е-маилот]
Слични огласи »