Интер-Хем ДООЕЛ лого

Додај во омилени

Добивај е-маил известувања за секој нов оглас.

Погонски инженер технолог

(преземи го огласот во Word)

ИНТЕР-ХЕМ ДООЕЛ, СКОПЈЕ

Интер-Хем ДООЕЛ, Скопје е една од водечките компании во областа на трговијата и производството на хемиски суровини и репроматеријали за различни видови индустрија.

Поради константниот пораст на обемот на работа, објавува

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА ПОГОНСКИ ИНЖЕНЕР ТЕХНОЛОГ

За работа во погон за производство на хемиски производи

Локација: Интер-Хем, Петровец, Производен погон

Работно време: Понеделник – Петок (07:00 – 15:00 часот)

Одговорности и задачи:

  • Следење и организирање на секојдневните активности поврзани со производствениот процес;
  • Следење на технолошкиот процес и почитување на утврдените производствени процедури;
  • Подготовка, дозирање и производство на хемиски производи согласно зададени рецептури и упатства;
  • Контрола на правилното функционирање на производната опрема и навремено пријавување на евентуални неисправности;
  • Следење на квалитетот на суровините и готовите производи во текот на производствениот процес;
  • Водење на производствена документација и евиденција;
  • Следење на потрошувачката на суровини и амбалажа и навремено пријавување на потребите;
  • Почитување и спроведување на правилата за безбедност при работа и правилно ракување со хемиски супстанции;
  • Координација и комуникација со вработените во производството во рамки на секојдневните работни задачи;
  • Учество во подобрување и унапредување на производствените процеси;
  • Други технички и оперативни задачи поврзани со производствениот процес.

Потребни квалификации:

  • Високо образование – хемиски или технолошки  факултет
  • Познавање на хемиски процеси и основи на технологија на производство;
  • Одлично познавање на македонски јазик;
  • Познавање на работа со компјутер и Microsoft Office пакетот;
  • Предност имаат лица со претходно работно искуство во производство, особено во хемиската индустрија;

Профил на личност:

  • Организираност, одговорност и прецизност;
  • Аналитичност и практичен пристап кон решавање проблеми;
  • Самоиницијативност и способност за самостојно работење;
  • Добри комуникациски и организациски способности;
  • Деловен и професионален однос;
  • Способност за работа во тим;
  • Подготвеност за учење и професионално усовршување;
  • Одговорен однос кон безбедноста при работа и работата со хемиски супстанции.

Нудиме:

  • Работа во стабилна и успешна компанија;
  • Редовни месечни примања, надоместоци и бенефиции
  • Работа во професионална и динамична средина;
  • Можност за професионален развој и усовршување;
  • Соодветно вреднување на работното искуство и знаењето.
  • Работно време: Фиксно време од 07:00 до 15:00 часот, слободни викенди

Доколку сте заинтересирани за динамична работа во професионален тим и сакате да го развивате своето знаење и искуство во областа на хемиското производство, аплицирајте со Вашата кратка биографија.

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »