Локација: Скопје (обуката се одржува во нашата канцеларија)
Термин: 15:00 – 21:00 часот
Времетраење: 1 месец
Организатор: House of Trucking
Учество: Бесплатно
За обуката
Сакаш да работиш во продажба, а не знаеш од каде да почнеш? House of Trucking организира едномесечна практична обука за продажба (Sales). Таа е за комуникативни и амбициозни луѓе кои сакаат да ги научат вештините за успешна кариера во продажба.
Не ти треба претходно искуство. Сè што ти треба ќе го научиш од нашиот тим, преку практична работа, вежби и лично менторство.
Што ќе научиш?
- Основи на продажбата и целиот продажен процес
- Професионална комуникација и презентација на англиски јазик
- Водење продажни разговори со клиенти од САД
- Справување со приговори и затворање договор
- Како функционира транспортната индустрија во САД
Што добиваш?
- Бесплатна едномесечна обука со искусни ментори
- Лично менторство и поддршка во текот на целата обука
- Практична работа на реални продажни ситуации
- Финансиски надоместок за време на обуката
- Можност за вработување за најуспешните учесници, со фиксна плата и бонуси од продажба
Обуката е за тебе ако:
- Одлично зборуваш англиски јазик
- Си комуникативен/на, со самодоверба и позитивен пристап
- Сакаш да учиш и професионално да се развиваш
- Те мотивира работата со клиенти и постигнувањето резултати
Пријави се и направи го првиот чекор кон твојата кариера во продажба!