Продавач/ка во Скопје

Објавенпред 23 часа
Активен до12.11.2026
ПозицијаПерсонал во продавница/Касиер
ЛокацијаСкопје
За компанијата

Jасмин е основан во 1956 година во Белград. Веќе 70 години ја градиме нашата приказна на пазарот во Србија, а сега ја продолжуваме и во Северна Македонија. Квалитетот, стручноста и посветеноста се вредностите... Повеќе за компанијата »

Опис на огласот

Постани дел од Јасмин парфимеријата!

Јасмин веќе седум децении ги поврзува купувачите со светски брендови на парфеми, шминки и производи за нега. Низ долгогодишно работење, ја градиме довербата на купувачите благодарение на квалитетот, стручноста и посветеноста. Нашата традиција ја продолжуваме со поврзување на искуствата и квалитетот со современите трендови од светот на убавината. 

Пријави се за позиција доколку:

  • Сакаш да работиш во пријатен и инспиративен амбиент, окружен со најпознатите козметички брендови
  • Сакаш да бидеш во секојдневна комуникација со купувачите
  • Си мотивисан/а да стекнуваш нови знаења и вештини  преку постојана обука и усовршување
  • Работиш во тимски ориентирана средина, која го поддржува твојот придонес

Што ќе работиш кај нас?

  • Ќе ги услужуваш купувачите професионално и љубезно, со негување на добри односи
  • Ќе го организираш и одржуваш продажниот простор во согласност со стандардите
  • Активно ќе учествуваш во остварувањето на продажните цели
  • По потреба, ќе работиш на каса
  • Останати задолженија по налог на претпоставениот

Од тебе очекуваме да:

  • Имаш минимално средна стручна спрема
  • Имаш основно знаење од англискиот јазик
  • Имаш искуство во продажба (предност, но поважна е желбата за учење и развој)
  • Им се радуваш на предизвиците и да имаш изразена желба за комуникациски вештини

Вашата биографија испратете ја преку копчето Аплицирај подолу или на е-маил:  [најави се за да го видиш е-маилот]

Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор

Напомена: Со испраќање на пријавата, кандидатот дава согласност компанијата да ги обработува неговите лични податоци во постапката за селекција во склад со законот за заштита на лични податоци.

Аплицирај за огласот

KARIERA.mk
Провери ја поштата по аплицирањето за потврда.

Слични огласи за работа

Повеќе

Едукација и обуки

Повеќе