Jасмин е основан во 1956 година во Белград. Веќе 70 години ја градиме нашата приказна на пазарот во Србија, а сега ја продолжуваме и во Северна Македонија. Квалитетот, стручноста и посветеноста се вредностите врз кои со децении ја градиме довербата на купувачите.
Во нашата понуда се наоѓаат парфеми, производи за нега и шминка од реномирани светски брендови како што се Chanel, Dior, Lancôme, Guerlain, Yves Saint Laurent, Armani, Hermès, Naj Oleari, Pupa, Artdeco и Diego dalla Palma.
Внимателно избраниот асортиман е придружен со услугата по која купувачите нè препознаваат. Нашите стручни советници посветуваат внимание на желбите и потребите на секој купувач. Тие обезбедуваат поддршка при изборот и препораки засновани на знаење и искуство. Посебните поволности, промоции и настани во парфимериите нудат можност производите да се запознаат одблиску, да се испробаат новитетите и да се откријат нови омилени производи.
Ги следиме трендовите и се стремиме да ги поставуваме, поврзувајќи го долгогодишното искуство со нови идеи и современ пристап кон купувањето. Преку онлајн продавницата и дигиталните канали остануваме поврзани со купувачите и надвор од парфимериите, доближувајќи им ги новитетите, инспирацијата и актуелностите од светот на убавината.
Јасмин е адреса за сите што ја сакаат козметиката, ги следат трендовите и уживаат во откривањето нови омилени производи од светот на убавината.