
За компанијата: Гео Гас е основана 2011 година како приватна фирма за производство на минерален гас CO₂ и разновидни продукти од него. Локацијата на природниот извор, а воедно и нашиот производствен погон, се наоѓаат...
повеќе за компанијата »ГЕО ГАС ДООЕЛ Скопје е компанија која се занимава со производство, дистрибуција и продажба на минерален гас CO2 .Поради зголемениот обем на работа, објавува оглас за следнава работна позиција:
Оперативен работник во погон за производство на СО₂
(Битола, С.Трн)
Ако сакате да станете дел од тимот, а притоа сте динамична и одговорна личност, со задоволство ве повикуваме да се пријавите на нашиот оглас за вработување.
Потребни квалификации:
- средно образование,
- претходно работно искуство oд областа ќе се смета за предност,
- познавање на работа со компјутер,
- поседување на возачка дозвола Б категорија (активен возач),
- флексибилност за работа на терен,
- желба за учење на нови технички решенија и новини од областа на гасарството,
- позитивен однос кон промени,
- подготвеност за работа во смени,
Работни обврски:
- постојано следење на производствениот процес и соодветно и навремено реагирање,
- подготовка и ракување со машините и комплетната опрема за производство,
- складирање на наполнетите садови под притисок,
- грижа за производство и производни процеси према правила на систем за квалитетно работење.
- водење на документација согласно пропишани стандарди,
- подготовка на документи за испорака и прием,
- одржување на хигиена на работно место,
- работа во смени,
Компанијата нуди:
- редовни месечни примања и други бенефиции,
- одлични услови за работа во тим,
- обуки на персоналот потребни во областа на работењето,
САМО апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
Испратете го вашето CV на [најави се за да го видиш е-маилот] или контактирајте не на : +389 2 3223 202.
Слични огласи »